Луѓето кои се сами

Постојат луѓе на овој свет кои сакаат да го поминуваат времето во осаменост, далеку од гужвите и вревата. Другите би помислиле дека таквите луѓе се срамежливи и немаат самодоверба да се среќаваат со поголеми групи, но тоа не е така.

Тие се јаки, сигурни поединци кои точно знаат што сакаат од животот и другите само им сметаат. Тие луѓе немаат ништо против да бидат сами и многу им е пријатно да го поминуваат времето така.

Еве што тие луѓе поседуваат:

– Неверојатна емоционална сила. Со оглед дека поголемиот дел од времето го поминуваат со сопствените мисли, тие луѓе се во допир со своите чувства и подобро се разбираат себе си.

– Природно се емпатични. Тие ги набљудуваат другите луѓе и полни се со емпатија, можат да разберат и да почувствуваат она низ што другите луѓе минуваат, па се во подобра позиција да даваат подршка на другите.

– Силен морален компас. Тие луѓе имаат многу јасен смисол за право и криво бидејќи размислуваат за работите кога се сами.

– Отворен ум. Луѓето кои сакаат да бидат сами сакаат нови искуства и нови перспективи. Тоа го прават на сопствен начин и затоа се чинат рамнодушни.

– Не им е гајле дали ќе бидат прифатени меѓу луѓето. Тие не чувствуваат потреба да се вклопат и не се грижат за популарноста бидејќи се задоволни со себе.

– Ги признаваат своите несовршености. Свесни се за фактот дека не се совршени и не се трудат ни да се фолираат.

– Сакаат друштво на други интелектуалци. Мразат бесмислени разговори и сакаат да бидат со оние со кои делат исти интереси и интелектуален дух. Го ценат своето време а и туѓото бидејќи знаат колку е важно

– Имаат јака инуиција. Луѓето кои сакаат да го поминуваат времето сами имаат длабоко разбирање за себе и животот и така подобро се поврзани со чувството од стомакот.

– Верни се. Имаат неколку одбрани пријатели.

– Независни се. Тие не зависат од другите и самоуверени се

– Имаат силни, јасни размислувања за светот. Бидејќи го поминуваат времето за набљудување и имаат цврсти и јасни размислувања за работите, кои секогаш не ги делат со другите.

– Самосвесни се. Бидејќи се сами со своите мисли, тие се самосвесни и имаат поголем личен раст.

– Љубезни се и сочувствителни. Тие се промислени и грижливи и шират љубов на другите кои се наоѓаат околу нив.

-Тие ги почитуваат здравите граници. Секогаш ќе ги почитуваат вашите граници и за возврат го очекуваат истото.

-Многу се храбри. Тие се доволно храбри да се соочат со светот и тоа го прават без оглед на се’.

– Зрели се. Многу се рационални, смирени, со моќ за перцепција, секогаш имаат најдобро решение во време на криза.

– Се сакаат себе си. Со оглед дека поминуваат време со себе, знаат колку е важна љубовта кон себе.

– Бараат смислени љубовни односи. Нема да губат време на површни врски. Тиа сакаат вистински прекрасни партнери кои се компатибилни со нив.

– Свесни се за својата сила и слабост. Имаат јасно разбирање за нивното вистинско јас и затоа подобро функционираат.

Луѓе се од доверба. Ако нешто ви ветат, бидете уверени дека тоа ќе биде направено.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: