Постојат многу работи што просечен човек во животот посакува да ги поседува, вкуси, да ги истражи. Сите мечтаеме за она што сакаме да го имаме, толку сме занесени што не се прашуваме дали тоа го заслужуваме и не сфаќаме што е потребно за да можеме тоа да го постигнеме или добиеме.

Желбите се разликуваат, како и нашите карактери. На некој сета среќа му е материјалното, кариерата, на некој децата, куќата, пријателите. И не е наше да му судиме на било кој што ужива во нешто што за нас претставува непотребно. Не е на нас да им зборуваме дека се ладни, резервирани и фокусирани за нешто што за нас е лошо.
Нас не’ привлекуваат некои други работи, нас ни се наменети работите кои ги сонуваме и еднаш треба и да ги добиеме.
Проблемот почнува во тоа примање на пратката. Толку сме нестрпливи, сакаме се’ и сакаме се’ веднаш. При тоа, несвесно ја губиме магијата на животот, надежта и исчекувањато. Бидејќи, не гледаме колку е всушност убаво и моќно кога ќе сфатиме дека навистина се’ можеме да повикаме и оствариме, бидејќи ја имаме моќта од раѓање.
Ние се жалиме и кукаме, без оглед на тоа што знаеме дека нешто ќе дојде, лути сме бидејќи тоа не доаѓа веднаш кога ќе посакаме. Не може да дојде веднаш, ниту треба. Со таква вибрација не заслужуваме тоа да биде веднаш испорачано. Она што пуштаме во Свемирот, е нетрпеливост и несигурност во остварување на тие желби.

При тоа, она што го посакуваме, негде по патот ќе се изагуби ако и понатаму не веруваме дека ќе дојде кога треба, или пак ќе поминеме низ сите трња, за да на крајот тоа и го добиеме. Не сфаќаме, дека иако ја имаме моќта на креирање, не значи дека сме волшебници и дека со визуализација и вера автоматски ќе направиме царство, она опипливо. Не.
Животот има свои начини, кармата пополека но сигурно доаѓа до сите нас и одработува потребни лекции, за да расте душата, за да се трансформираме и да знаеме да го почитуваме она што го побаравме. Често тоа што бараме и секоја вечер го посакуваме ќе дојде тогаш кога најмалку очекуваме во такви луди околности, ќе биде неверојатно да се поверува, ќе се чини невозможно.
Исто така, тоа може да дојде така нежно и тивко, како неповикано, да се пикне скришно во нас и да не обвие со убавина и сигурност, а ние и да не забележиме дека желбата веќе се манифестирала и дека она посакуваното веќе живее околу нас и во нас. И тоа е нешто најубаво што можеме да искусиме.
Пред се, да се исчистиме себе си, да работиме на себе секој ден, за да го отвориме срцето за огромната количина на среќа која ја довикуваме. Додека сеуште ниско вибрираме, ние не сме подготвени да прифатиме се’ она што сме посакале. Зошто?
Бидејќи и понатаму се плашиме дека не сме доволно големи, доволно јаки и доволно добри, а со тоа остануваме неподготвени а желбите и понатаму остануваат да висат во воздухот или се одмараат во некое ќоше, чекајќи го моментот да се ослободиме. Ослободете се од уверувањата дека она што сакате и заслужувате морате да го добиете веднаш. Не морате. Нема.

Ќе добиете тогаш кога душата ќе го одработи полниот круг во одредена лекција, тогаш кога ќе се трансформирате и кога ќе научите да се сакате прво себе си па потоа и другите. Ќе добиете тогаш кога по малку ќе заборавите што сте креирале.
Бидејќи законите се такви, енергијата која ја давате, праќа само тоа што давате. На Несигурноста, лутината и нетрпението нема место, тоа е само карта во неповрат или одложување на себе си.
Практицирајте доверба во системот, доверба во себе, доверба во живот. Знајте, се’ се случува со причина, според тоа нема случајности ни сплет на околности. А она што е зацртано дека ќе дојде, само чека свој момент.
Моментот ќе го препознаеме, бидејќи срцето тогаш ќе ни биде големо и отворено да го даде сето добро. Бидејќи тогаш, ние ќе живееме по свое и ќе бидеме свесни дека вистински заслужуваме се’ што посакуваме и дека нема ништо лошо во желбите, ако работиме на нив и се трудиме да градиме доверба во Свемирот.
Затоа, искрено посакајте нешто, пуштете ја цела своја љубов и позитивна енергија во Свемирот. И секој ден чекорете со мали чекори во тој правец, не заборавајќи да бидете благодарни. Така, побрзо ќе манифестираме она што посакуваме и ќе знаеме да уживаме во тоа кога тоа ќе дојде на патот.
Марија Ломбаровиќ
Leave a Reply