Најповеќе човек се разочарува очекувајќи од другите она што е подготвен да го даде. Бидејќи, ако добие повик од човек кој го смета за пријател, во полноќ ќе дојде и ќе му помогне, без оглед на времето и околностите.

Но, кога и тој ќе се најде во тешка ситуација, останува сам и никој нема на виделина, дури ни оние кои се колнеа дека секогаш ќе бидат со него, дека нема да го остават, тогаш кога му е најтешко.
Кога ќе види дека дека останал сам ќе сфати дека всушност цело време погрешно ги проценувал другите. Најмногу човекот ќе се разочара очекувајќи од другите она што сам е подготвен да даде. Очекува од луѓето да му ја кажат вистината за нив како што тој редовно му кажува се’ она што е вистинито за себе. Нема да ги критикуваат неговите идеали и дека ќе го охрабрат во неговите настојувања.
И на крајот ќе се разочара, бидејќи гледа дека на некои им давал а не требало, тие само го користеле и ќе сфати дека добрината зад себе бара мудрост. Дека сета онаа искреност на крајот може да се претвори во нож кој ќе му се стави во грбот.
Се разочарува бидејќи луѓето не зборуваат како што од нив не се очекува. Таквите ‘пријатели’ сметаат дека тоа ќе им даде некоја сигурност, предност во животот и без проблеми ќе ја наместат маската и ќе се привикнат на се’.

Ќе се разочара човек и ќе сфати дека треба поинаку да живее, дека не треба на секој да му се отвора срцето. Не треба да ги кажуваат своите планови туку треба сето тоа дискретно да се каже и направи.
Ќе сфати човек на грешките, дека зборот пријателство секаде се троши, но дека многу малку го има она вистинското за кое луѓето зборуваат.
И на крајот на човекот му останува да ги намали своите очекувања. Да го пронајде својот мал искрен круг на луѓе и помудро да го живее својот живот.
by Рита
Leave a Reply