Држи ја главата горе, имаш право на тоа!

Понекогаш луѓето ќе дојдат во твојот живот и чувствуваш како знаеш дека и треба да бидат тука, ти ја носат лекцијата или ти помагаат да сфатиш кој си или кој сакаш да станеш.

Никогаш не знаеш кои се тие луѓе но, кога ќе ги погледнеш во очи, во тој момент знаеш дека тие длабоко ќе влијаат на твојот живот. И понекогаш ќе ти се случи нешто што на почеток може да ти се чини страшно, болно и неправедно, но по освестувањето на тие ситуации, ќе ја откриеш смислата на совладувањето на тие препреки.

Ако ги немаше нив никогаш немаше да го сфатиш својот потенцијал, сила, волја или срце.

Се’ се случува со причина. Ништо нема да се ‘случи’ случајно или да биде чиста среќа. Болест, повреда, љубов, изгубени моменти кон патот до вистинската цел и шаренолики глупарии, се случуваат за да ги тестираат границите на твојата душа.

Без овие мали тестови, без оглед што е тоа, животот би бил како мазно поплочен, рамен пат кој не води никаде. Ќе биде можеби пријатно, но досадно и сосем бесмислено. Луѓето кои ги сретнуваш и кои влијаат на твојот живот, на успесите и падовите кои ги доживуваш, ти помагаат да изградиш личност, која ќе бидеш кога ќе ‘пораснеш’.

Од лошите искуства може многу да се научи. Всушност, тие се веројатно најдлабоки и најважни. Ако некој те повреди, изневери или ти го скрши срцето, прости му бидејќи ти помогна да научиш за довербата и важноста на вниманието со која го отвораш своето срце.

Ако некој те сака, сакај го/ ги безусловно не само затоа што тој тебе те сака, туку затоа што на некој начин те подучува да сакаш и на кој начин можеш да ги отвориш своите очи кон работите.

Дозволи секој ден да ти е важен! Уживај во секој миг и сфати дека ни еден важен момент кој ќе го преживееш повеќе нема да се повтори.

Разговарај со луѓето со кои никогаш порано не си разговарал и навистина слушај.

Заљуби се, ослободи се и стави ги своите цели високо. Држи ја главата горе, бидејќи имаш право на тоа. Кажи си себе си колку си единствен и верувај во себе, бидејќи ако не веруваш во себе, тешко дека другите ќе веруваат во тебе. Можеш да го изградиш својот живот како што ќе посакаш. Направи сопствен живот и живеј го во целост без жалење.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: