Сите имаме свои чекања

Има нешто опојно во (едвај) чекањето. Најопојно е кога чекаш љубов, тоа го знаат оние кои ‘пораснаа’ во тоа чекање.

Љубовта се чека толку долго што забораваш зошто тргна и кај кој си тргнал. Би било убаво да ја дочекаш трезен, без ронка сомнеж, вечен во желбата да не изгориш кога огнот околу тебе ќе почне да го гори телото кое трепери и душата која е нетрпелива.

Чекање на љубовта е убаво, но болно и опојно. Ќе те улови, во момент на невнимание, ќе те обземе со доза на копнеж, ќе го допре твоето срце. Таквото чекање е ризично но сепак на крајот исплатливо.

Ризично, бидејќи те тера да се свртиш кон своите најскришни желби, многу исплатливо, бидејќи те пушта на крајот кога ќе дојдат- ги стискаш и гушкаш.

Има нешто опасно во тоа (едвај) чекањето. Таа шармантна дама облечена во непознато заводливо, не дозволува да се зезнеш, како ти треба повеќе за да бидеш добро. Демек, не можеш да освоиш она што е веќе освоено, нели? Или нема да го дочекаш она што не постои?

Не треба да се врзуваат соништата за тротоар, истовремено очекувајќи да те кренат во небото. Дали рацете ти служат само за залудно покажување со прстите?

Откачи ги чекањата, уште повеќе врзувањата. Фокусирај се на себе, без влегување во замките на просечното. Тоа, што нешто свети со најсјаен сјај не значи дека може да те згрее- одвнатре.

Има нешто тажно во (едвај) чекањето. Ти се колнат, очекуваат дека ќе им веруваш, дека ќе ти биде подобро, она, што никогаш нема да те стигне. Те лажат дека дури тогаш ќе уживаш комплетно, непрестано ти пркосат во лице за ситните воздишки со кои си сега преполна а кои до вчера едвај ги чекаше.

Таквите заведувањата се бадијала и не се за души кои во исчекување слушаат, даваат и чувствуваат повеќе. Наместо во такви воздишки да се гушиш, ти остани доволно сита да не пуштиш рака по залаците на оние апатичните препродавачи на магла.

Има нешто убаво во ( едвај) чекање. Тоа е време кога учиш да се надеваш и тогаш кога со надежта се сретнуваш така често. Никој без надеж не стигнал далеку, нема ни ти.

Затоа денес оној кој предолго го чекаш- јави му се, а оној кој претерано те стега- пушти го. И не се обидувај во тие моменти да бидеш во право кога единствено дадено ти е да испаднеш свој.

И животните идеали нека не ги красат ѕидовите на социјалните мрежи, туку нека бидат патоказ кои ќе водат до срцето на куќата, која ќе продолжиш да ја градиш и тогаш кога љубопитните очи на светот ќе го тргнат погледот. А кога ќе ти кажат дека е глупо да чекаш, не им верувај, но насмевни се.

Можеби се само оние кои немаат кого да (до) чекаат.

Ингрид Дивковиќ

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: