Обожавам да го набљудувам сонцето како заоѓа а небото кога добива друга боја. Природата се менува со многу поголема леснотија од луѓето. Го знам тоа бидејќи од човек кој емоционално се прејадува се обидувам да се претворам во личност која се соочува со своите чувства, ги решава и не се обидува да ги потисне со пуштање рака кон фрижидерот.
Многу е едноставно да ставиме маска на лицето и да се претвораме дека сме некој друг. Вистинското соочување со себе- ископување на длабоко вкоренети проблеми- еднакво е како со обична лопата да се обидуваме да ископаме тунел низ планината. Постојано налетуваме на камен.Сепак, сфатив дека камењата неприметно се претвораат во рид а потоа во планина.

Наша задача е секојдневно чистење на насобраните емоции. Како на работа, така и во љубовните, семејните, пријателските односи, како и во нас самите. Мораме да се грижиме за својата благосостојба и здравје.
Игнорирањето на проблемот е секако, едноставно, но ако направиме макар и мал чекор во соочување со тој проблем, тој чекор на крајот ќе се претвори во огромен скок на патот кон само откривање. Да се досегне својот потенцијал како човечко суштество и повеќе е од идеал. Тоа е крајната цел.
Она за што сме способни нема никаква врска со општествените уверувања или со пописот на посакувани и непосакувани особини. Зборувам за вистински идеал- чија душа сте допреле? Кога сте сакале и кој ве сакал вас?
Тоа е она што е важно. За мене е единствената цел кон која треба да тежиме е промената на свеста, да разбереме дека не сме ни подобри ни полоши од било кое друго суштество. Туку едноставно СМЕ.
Опра Винфри
Извор: Oprah.com
Leave a Reply