Во Јапонија се очекува дека секоја работа која сте ја започнале ќе ја завршите до крај. Amy Chavez е американска новинарка која живее во Јапонија и пишува колумни за мистериозната земја.
Кога за прв пат дојде во Јапонија, беше под силни импресии колку се’ беше ефикасно и секаде владееше ред. Улиците чисти, возовите стигнуваат на време, а луѓето тивки и љубезни, можеби малку ексцентрични, што им дава посебен шарм.
Никој од оваа земја не се враќа каков што беше.

Еве кои се главните впечатоци на оваа новинарка а што секоја земја може да ги примени:
-Секогаш врати ја услугата, без оглед на се’! Во Јапонија, брзо се учи не само да се прифати некоја услуга туку и да се врати. Тоа не мора да биде ништо големо, но треба да се покаже благодарност. Ако, на пример некој ви помогне да внесете нов кауч во куќа или стан, тогаш треба за возврат да купите барем некој пијалок.
-Љубезноста оди повеќе од ‘Благодарам’ и ‘Довидување’. Љубезноста и манирите многу се важни во јапонската култура. Ако на улица некој го прашате да ви ја покаже улицата или случаен минувач да ви нацрта мапа или да ве однесе каде што треба да одите, тоа со задоволство ќе го направи.
Љубезноста во овој случај значи несебичност а тоа понатаму значи дека другите ги ставаат пред себе. Најдобриот начин да им покажете на другите колку се важни е да ги ставите на прво место. Направете мали остапки, услуги.

-Во Јапонските домови постои дури и специјално место за седнување на гостите кое секако е најубавото место во куќата. Не постои таква работа како излегување на пијалок или на некоја забава а да се оди само со еден колега. Сите се добродојдени. Кога сите сме вклучени тоа не’ учи да бидеме толерантни кон оние кои се различни од нас.
-Јапонците знаат да слушаат. Јапонците секогаш ќе ви дадат шанса први да го искажете своето мислење. Тие умеат да слушаат! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој прв ќе каже нешто.
На тој начин стануваме по толерантни и помалку осудуваме поинакви погледи и мислења. Што и да е темата, Јапонците се обидуваат да дискутираат мирно и да не влегуваат во расправија и да наметнуваат свои ставови.
Јапонците не се националисти. Сите ние ги сакаме земјите од каде што потекнуваме. Но, безнадежно е да им се докажува на странците дека вашата земја е најубава и најдобра на светот.На крајот на краиштата, не постои ‘најдобрата работа на светот’.
– Ганбару- работете најдобро што можете. За Ганбару не постои адекватен превод. Имено, многумина се откажуваат од нешто кое бара повеќе време, пари и енергија отколку што сте планирале. Во Јапонија се очекува секоја работа која сте ја започнале- да ја завршите до крај.
Ветувањето треба да биде исполнето. Во Јапонија, кога некој нешто ќе ви вети, тоа навистина и го мисли. И тоа не го заборава, без оглед на се’. Тие ќе дојдат ако така рекле, дури и ако надвор врне дожд. Ако по некоја случајност не можат да дојдат или веднаш ќе ве повикаат и ќе се извинат или ќе пратат некој друг наместо нив.
Извор: atma
Leave a Reply