Твоја нова приказна која нема да ја пропуштиш

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога еден ден својот живот ќе почнеш да го набљудуваш со нови очи, кога ќе престанеш да се плашиш од олуите низ кои поминуваш, бидејќи ќе знаеш дека сите тие имаат некоја смисла во твојот живот, која сега, можеби не ти е јасна.

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога ќе престанеш да се мачиш со неважни работи и луѓе, сфаќајќи дека ни малку не треба да те загрижува што другите мислат, зборуваат и прават. Тоа е нивна работа.

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога повеќе не мораш да ги криеш своите солзи бидејќи се’ е тоа еден процес на запознавање на светот и себе, и поинаку не може да биде.

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога и понатаму чувствуваш страв и сомнеж, но повеќе не се губиш во нив бидејќи сфаќаш дека се сосем природен дел од животот на кое не треба да му се дава многу внимание и енергија.

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога престануваш од луѓето да правиш она што мислиш дека треба да бидат а ги пушташ да се развиваат како што знаат најдобро, бидејќи на крајот тоа е нивен живот.

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога повеќе немаш потреба на било кој нешто да му докажуваш, бидејќи да им е важно твоето мислење, ќе се заинтересираат и ќе се потрудат да те разберат. Во тој момент ќе почнеш да живееш живот кој не е копија на она што некогаш беше, туку твоја нова приказна која не сакаш да ја препуштиш на случајот и околностите.

Ќе знаеш дека се’ е во ред кога ќе почнеш да излегуваш од битки во кои како млад си влегувал, бидејќи сфаќаш дека мирот е многу повреден од било кој што ќе ти каже дека си победник.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: