Дали верувате во судбина?

Автомобилот е во дефект или гумата ви се истуши.

Нарачувате храна во ресторанот и треба да чекате цела вечност.

Во продавница заглавувате во долга редица на каса.

Доаѓате порано на закажан состанок но вашиот колега доцни.

Влегувате во автобус, но долго чекате патници да влезат пред да тргне.

Доаѓате порано на аеродром, но вашиот лет доцни.

Се јавувате во телефонската фирма да прашате за вашата сметката, но операторот ве става на чекање..

Сакате да се возите со рингишпил, но тој се затвора токму кога вие стигнувате до него.

Трчате бидејќи доцните, но се сопнувате и паѓате.

Губите пари или нешто од голема вредност и морате да најдете начин да им кажете на родителите или да се носите со губитокот.

Хитно треба да пратите документи преку компјутер, но тој се исклучува а вие само гледате во екранот, надевајќи се дека тоа е шега. Си одите дома и почнува многу да врне дожд, морате да најдете дрво за да се тргнете, бидејќи сте го заборавиле чадорот на работа.

Сте дипломирале и немате појма што понатаму.

Не ве примиле на работа на која конкуриравте или ве отпуштиле од работа.

Пријателот ви се преселил и морате да се навикнете дека нема да го гледате секој ден.

Вашиот партнер прекинува со вас и морате да ги отфрлите сите надежи и планови за иднина со него.

Направивте се’ што можете, но вашето бебе не престанува да плаче цела ноќ.

Член на семејството се разболел и морате да го напуштите вашето школување или работа за да бидете со него во болница.

Ја изгубивте саканата личност и не знаете како да функционирате без неа.

На овој начин Бог, Судбината, Небото или Свемирот ви зборуваат да застанете! Ви зборуваат дека пребрзо се движите во својот живот, минатото ве прогонува и загрижени сте за својата иднина. Понекогаш само треба да гледате наоколу и внимателно да видите што е вашата сегашност.

Во вакви моменти само погледнете околу. Гледајте лево и десно. Гледајте зад себе. Гледајте над и под себе. Погледнете право пред себе. Можеби Бог или судбината сакаат нешто да ви покажат. Можеби сте виделе лево и ќе видите како заоѓа сонцето, величенствено, не сте го виделе долго време, бидејќи сте на работа цел ден и дома си одите по мракот.

Можеби ќе погледнете десно и ќе видите поле со цвеќиња. Можеби ќе погледнете во небото и ќе видите авион и ќе посакате желба, бидејќи сте мислеле дека е тоа ѕвезда која паѓа.

Можеби ќе погледнете зад себе и ќе видите море и бранови и нема да можете да се сетите кога последен пат сте почувствувале песок под нозете.

Можеби ќе погледнете долу во земјата и ќе видите играчка и ќе размислувате за тоа да ја подарите на својата внука.

Можеби ќе погледнете пред себе и ќе видите двојно виножито со сите нејзини бои видливи со вашите очи и воопшто нема да ви смета што дождот во меѓувреме ве накиснал.

Можеби ќе ги пронајдете одговорите на своите проблеми.

Можеби ќе ги сфатите тајните на Свемирот.

Можеби ќе дознаете зошто наутро се будите секој ден.

Можеби ќе сфатите со кој сакате да остарите.

Можеби конечно ќе го разберете животот.

Но, пред се’, Бог сака да застанете.

Извор: аtma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: