..Нашиот живот е составен од многу минати моменти, од неодреден и непознат број на идни моменти и само еден на сегашноста, во кој или нѐ има или нѐ нема.
Некои од нив нѐ носат поблиску до себе, некои нѐ оддалечуваат, некои други нѐ носат поблиску до Него, а други нѐ оддалечуваат. Некои ни носат љубов, други заборав. Некои желби, други каење. Некои спокојство, други немир. Некои ни носат радост, други болка… Постојано оставаме нешто зад себе, добро или лошо и нешто друго нѐ чека во деновите кои ќе дојдат. Никогаш не сме доволно подготвени ниту за тие нешта кои остануваат зад нас, а ниту за оние кои нѐ чекаат.
Но, таму некаде пред нас ќе дојдат моменти кои ќе ја бараат целата наша сила и целата наша решителност да го препознаеме она за што сме дојдени тука. Не треба да помислуваме дека сме мали и безначајни за да биде решавачко нашето учество, за да се промени она што треба да се промени и да се случат оние работи кои треба да се случат за да надвладее Доброто и Вистината.
Павлос К. Хасанагас
Leave a Reply