Симптоми на ранета душа

Кога се случува умор или депресија, синдром на хроничен умор, болести на тироидната или низок сератонин, тоа е знак за узбуна: Нешто со нас не е во ред.

Олеснувањето е дека симптомите кои ги чувствувате не се умислени, имате дијагноза и со соодветна терапија се’ може да се врати во нормала.

Но, следното прашање е :’Што е тоа што ја предизвика таа состојба, болест. Всушност, прашањето треба да гласи: ‘На што моето тело всушност реагира?’. Во кои околности, треба да се направи најмудар избор, да се добие енергија за полно учество во животот?

Одговорот ни е пред носот. Кога нашата душа- тело низ умор или депресија вели ‘НЕ’, на животот, прво треба да се запрашаме: ‘Дали животот, сега во овој момент за мене е исправен живот?

Кога душа- тело вели: ‘Не учество во светот’, прво што треба да се запрашаме е: ‘Заслужува ли светот кој вака ми се покажува, мое целосно учество?’ Што ако нешто од темел не е во ред со светот, со животот и начинот на живеење кој нам ни се нуди, па избегнувањето е единствена здрава реакција?

Повлекување, а потоа повторно враќање на светот, животот и начинот на живеење кој е потполно поинаков од оној кој го напуштивме? Се чини дека неискажаната цел на современиот живот, е да се живее колку што може подолго и колку е пријатно можно, со минимален ризик и максимум сигурност.

Тој приоритет го гледаме во образовниот систем кој настојува да не’ обучи да бидеме ‘конкурентни’ така да можеме ‘од нешто да живееме’. Го гледаме во здравствениот систем, каде целта за продолжување на животот ја надјачува можноста дека е дојдено времето за умирање.

Го гледаме и во нашиот економски систем, во кој се претпоставува дека сите луѓе се мотивирани со ‘рационална себичност’ која се одредува со пари, што се поврзува со сигурност и преживување.( И дали некогаш сте размислувале за поимот ‘трошоци на животот’)

Од нас се очекува, да бидеме практични а не идеалисти; од нас се очекува работата да ни биде поважна од играта. Прашајте некој зошто оди на работа која ја мрази и најчесто ќе чуете одговор ‘поради здравственото осигурување’. Со други зборови, остануваме на работи кои не’ умртвуваат, за да добиваме осигурање дека ќе останеме во живот. Кога здравственото осигурување го бираме, наместо нашата длабока желба, тогаш бираме преживување наместо живеење.

Но, во длабочината на душата ние тоа не го сакаме. Ние длабоко во себе знаеме дека сме на Земјата за да можеме на светот да му дадеме смисла. Речиси сите работни места кои се нудат се под нашето достоинство како човечки суштества. Но, можеби премногу се плашиме да ги напуштиме нашите работни места, нашите испланирани животи, нашето здравствено осигурување, односно било каква сигурност или удобност, за да ја добиеме нашата божја надареност.

Длабоко во себе ние знаеме дека таа сигурност и удобност е всушност робовска надница и копнееме по слобода. Се плашиме свесно да одбереме да заминеме од робовскиот живот, но наместо тоа одбираме несвесно. Затоа душата се буни. Повеќе не можеме да собереме енергија за секојдневните рутини.

Тоа повлекување од таквиот живот, го изведуваме на разни начини. Можеби повикуваме разни вируси, ја исклучуваме тироидната или надбубрежната жлезда. Можеби го исклучуваме создавањето на сератонинот во мозокот. Некои луѓе тргнуваат по друг пат па вишокот на животната енергија ја горат во огновите на зависноста.

На кој начин тоа и биде, ние некако одбиваме да соработуваме. Се тргаме од понижувачка соработка со светот, кој оди во погрешен правец. Одбиваме со своите божји дарби, да дадеме допринос за величање на таквиот свет. Затоа не функционира конвенционалниот пристап на решавање на проблемите, за да можеме да се вратиме во нормалниот живот. Можеби повремено ќе функционира, но телото ќе пронајде некој друг начин на отпор.

Подигнете го нивото на сератонин со антидепресиви, а мозокот ќе го намали бројот на рецептори, мислејќи на својата мудрост :’Еј јас не би требало да се чувствувам добро, во животот каков сега што го живеам’. На крајот ни преостанува самоубиство, крајната заедничка точка на режимот, кој настојува да не’ направи среќни, со нешто што е многу непријателско на нашата смисла и битието.

Не можете до век да се присилувате на погрешен пат. Кога побуната на душата предолго се потиснува, таа може да се манифестира и со крвава револуција.

Тоа така ќе биде се’ додека се негира мудроста на побуната на телото. Запознав безброј многу сочувствителни и сензитивни личности кои самите себе се опишале како ‘свесни’ или ‘духовни’ а се бореле со синдромот на хроничен умор, депресија, слаба тироидна. Се работи за личности кои дошле до транзициска пресвртница во своите животи но, станале физички неспособни да живеат со стариот начин на живот во стварниот свет. До тоа доаѓа, всушност, затоа што светот кој ни го покажуваат како нормален и прифатлив, се’ е , само тоа не. Потполно е искривен, наказан.

Стресот и нервозата, како и сите други емоции, имаат своја функција. Тие ве држат будни и збунети, не ви даваат да се опуштите, постојано размислувате, загрижени сте.

Проблемот не е во вас. Имате многи добра причина за стрес. Кризите во нашите животи се трупаат и не’ потиснуваат во нов живот, нов начин на живеење кој не можеме ни да го замислиме дека постои, освен што сме чуле гласини за него.

Верувајте му на својот идеализам, во детето во вас, кој вели дека е можен подобар свет од овој. Ако сте сега во тој процес, не морате да страдате. Верувајте во себе. Верувајте во сопствената потреба за повлекување дури и кога милиони пораки ви зборуваат:’Светот е во ред, што е со тебе? Дали ќе продолжиш да работиш по програм и план кој ти е зададен?

Имајте доверба во своето длабоко уверување дека сте овде на Земјата поради нешто величенствено, дури тогаш кога имате илјада разочарувања кои ви рекле дека сте обични. Верувајте му на својот идеализам.

Запомнете! Низ се’ што сте поминале, секоја капка на очај, беше потребна да ве претвори во исцелител и водич.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: