Да се биде контролор на она што се случува е раширена појава. Иако ние во главно не ја приметуваме, се случува некогаш да се ‘фатиме’ како контролори и не сакаме да си признаеме себе си.
Не е многу пријатно да се прифати фактот дека се обидуваме да го контролираме светот околу себе.
Велам, се обидуваме, затоа што секој обид на контролирање унапред е осудено на неуспех, иако не’ ни изгледа така.
Склоноста кон контролирање многу често е вешто прикриена, бидејќи најчесто ја рационализираме како грижа, желбата наша на другиот да му биде добро или подобро, желба на некој да му помогнеме.
Сите се тие убави желби, зад кои се крие потребата за контрола.
Оваа потреба ја развиваме многу рано, поради несигурноста во светот и тешко се ослободуваме од неа.
Без контрола, соочени сме со разголен страв а тоа воопшто не ни се допаѓа и ни се чини помудро да се држиме до старите обрасци на функционирање, дури и кога сфаќаме дека се деструктивни.
Но, сепак ако подобро размислиме, контролата е само една голема илузија. Ништо ние всушност не контролираме.
Ниту другите луѓе и нивните однесувања, ниту светот и случувањата во него.
Единствената личност чие однесување можеме да го контролираме, сме ние самите.
Во ред, кршењето на илузиите е можеби болно, но секако ослободува.
Имено, покрај тоа што е голема илузија, потребата за контрола не’ прави робови, бидејќи она што ние мислиме дека го контролираме, всушност не’ контролира нас, така што постојано не’ држи во грч и во прашалници, не дозволувајќи ни да бидеме свесни и присутни.
Постојано се обидуваме да ги донесеме работите во посакуван поредок, па пропуштаме да живееме.
Се’ она што сакаме да контролираме, околу нас крева ѕидови низ кои не продира сончева светлина.
А светлината е неопходна за живот.
Сузана
Извор: centarprozor.wordpress.com
Leave a Reply