Умот владее, егото царува…емоциите се вишок?

Смрзнати сме, закопани во ѓубре..Умот владее, егото царува, омразата е насекаде, програмите во нашите умови доминираат..

Емоциите стануваат вишок, непотребни, го спречуваат ‘нормалниот живот’ , етикетирани се како слабост, луѓето се срамат од нив, ги голтаат и потиснуваат.

Така потиснати, емоциите пропаѓаат некаде длабоко, длабоко…од таа длабочина, таа емоција, таа заробена енергија, која сака да се ослободи, ни носи огромна штета на сите нивоа. Самите на себе си нанесуваме огромна штета.

Добивме слободна волја, а со неа добивме и дар за плачење, но без причина.. го занемаривме. Солзите се дар од Бога, тие го топат мразот околу срцето, тие чистат, го вадат ѓубрето од душата.

И ништо друго од Божјото, нема таква моќ и ништо друго не продира толку длабоко, за да ја пронајде и да го допре, токму она најболно место, најболната емоција во нас и да ја ослободи низ плач, низ солзи, да ја исчисти и прочисти. Да се радуваме на солзите, да ги гушнеме со радост и добредојде.

Така ние гушкаме, прифаќаме, препознаваме и го признаваме Божјото во нас, кое го прави најдобро можно, она за што ние самите не сме свесни, бидејќи ја немаме таа моќ, она што сами не го знаеме и умееме а што ни е потребно повеќе од дишењето.

Така стопени, прочистени и испрани од солзите, стануваме почовечки, божји, растеретени..полесно дишиме.

Солзите се дар од Бога.

Душица Поповиќ

Извор: alternativainformacije

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: