Како да излеземе од фазата – ‘Преку глава ми е од се’

Неприфаќањето на околностите на својот живот всушност е исто што и неприфаќање на самиoт себе.

Оваа реченица е многу важна. Тоа значи дека околностите во нашиот живот всушност се наш единствен одраз. Во надворешноста не можеме да видиме ништо што во нас веќе нема.

Прифаќањето на животните околности е неопходно ако сакаме да бидеме во мир со себе. А тоа е основа за секоја сериозна животна промена.

Значи, ако сме незадоволни со некој аспект од својот живот, нема никаков смисол тоа да се обидеме да го решиме однадвор, бидејќи тоа е како да сакаме да поправиме фризура чешлајќи го огледалото.

Единствена промена е можна само одвнатре. И навистина, кога до неа ќе дојде, околностите просто се менуваат, со некое чудо.

Тоа се случува затоа што, кога ќе дојде до осознавање а потоа внатрешна промена, повеќе не постои потребата за такви околности и се појавуваат други, па велиме: ‘Еве, се’ прифатив и што сега? Ништо не се случува. Како тоа?

Ова секако не е вистинско прифаќање. Кога навистина ќе прифатиме некоја ситуација, вакви прашања воопшто не се појавуваат, бидејќи тогаш ни е сосем сеедно колку некоја ситуација ќе трае.

Прифаќањето се одвива во сегашноста и за него нема други временски одредници.

Се’ додека некоја ситуација сеуште е во вашиот живот, за тоа сигурно постои некоја причина. Не се работи само за неприфаќање, но тоа секогаш е вклучено, бидејќи прифаќањето потполно ни ја менува перспективата, не’ носи до состојба на мир.

Кога се во прашање односите со другите луѓе, тие исто така се дел од нашиот живот од некои причини.

Ако односот со некоја личност не ви годи и ви се чини напорна, размислете што таа личност порачува, што тој однос ве тера да смените или да прифатите кај себе.

И во моментот кога ќе престанете да се осудувате себе си, да се мачите, кога едноставно го менувате вообичаениот начин на однесување со таа личност, односно кога ќе излезете од улогата која сте ја играле, доаѓа до голема промена.

Или се менува самиот однос или за него престанува потребата од вас.

Внатрешната промена секогаш води кон надворешна, никогаш не е обратно.

Извор: centarprozor.wordpress.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: