Искористи ги моментите на среќа, сакај и биди сакан! Тоа е единствената реалност во светот

Живееме во свет кој не’ присилува на преживување, како материјално така и духовно. Но, животот ни е даден да го живееме во потполност, затоа еве неколку совети како да се остане на вистинскиот пат.

1.Животот е преубав. Уживајте во него, живејте, сакајте, пробајте, заиграјте. Уживајте во сите и најмали ситници кои ви се нудат. Ако не знаете да уживате во ситниците нема да знаете ни во големи работи.

Сепак, важно е и да живеете во сегашноста. Не мислете многу, за тоа што се случило пред или што ќе се случи следно, бидејќи еднаш ќе застанете и ќе сфатите дека сегашноста поминала, а вие сте се грижеле или за минатото или за иднината и не работевт, она што требаше: Да се живее сегашноста! Затоа уживајте сега, што и да правите, па дури и ако миете садови, бришете прашина или играте карти со пријателите…Уживајте!

2.Сакајте. Сакајте со цело срце, со сето битие. Сакајте, секој и се’. Не плашете се да го отворите срцето, не плашете се да се заљубите. Срце имаме со причина, а не да го оградуваме со ѕидови или да го гушиме со умот.

Срцето го сакаме, зато користете го за она што е создадено. Знам, потребна е голема храброст, за да ги искажете своите чувства, но се помалку од тоа, не е вредно за споменување. И да, ќе ве повредат, ќе боли…јакооо..но тоа само значи, дека го живеете животот во секоја смисла на зборот. Не барајте љубов во другите, таа е во вас. Потребно е само да се тргнат сите бариери, кои животот до сега ви ги создаде и да ја ослободите својата љубов. Сите ние имаме добар изговор зошто не сакаме. Зошто да се криете?

Ако си поставите слика во главата дека се’ ова што до сега го живееве, ве направи личност каква што сте сега, тогаш ќе сфатите, дека секое искуство до сега е непроценливо. И секое следно. Не се плашете од својата ранливост, од своите чувства. Тоа не се ваши мани, туку ваша доблест. Не го заборавајте тоа, никогаш.

3. Бидете благодарни на тоа што имате. Благодарноста е храброст и сила. Бидејќи, најлесно е да се препуштите на она лошото и да бидете несреќни. Превземете ја работата во свои раце. Бидете благодарни, бидете среќни. Не знам кој во текот на нашето воспитување, ни рекол дека другите луѓе не’ прават среќни, но тоа не е така.

Не смееме да се потпираме на други луѓе. Не се тие тука да не’ усреќат..не е тоа нивна мисија. Што мислите, каде ќе завршиме кога би чекале другите да не’ направат среќни. Нема да има ниту една среќна личност. Сами сте одговорни за својата среќа. Среќата е работа на перцепција. Да земеме на пример две личности кои имаат идентичен живот, но првата гледа само работи, кои ја прават несреќна, а другата во се’ гледа среќа и благодарност.

Се’ е ова работа на избор. Повторувам, сами бираме дали сакаме да бидеме среќни или не. Дали ќе сакаме и уживаме во она што имаме или ќе размислуваме за она што немаме.

4. Запознајте се. Седнете сами со себе ‘на кафе’. Запознајте се, сакајте се, поразговарајте, дознајте ја својата цел. Само така можете да го промените или да влијаете на светот. Ако носите маска, ако сте она што другите сакаат да бидете..тогаш овој живот вие за џабе. Никогаш нема да бидете среќни и исполнети. Никогаш нема да го почувствувате вистинското задоволство. Никогаш нема да успеете да ги заразите другите. Никогаш нема да почувствувате ентузијазам. Никогаш нема да сакате. Животот ќе ви биде празен до крај и тоа, ќе го сфатите дури на крајот кога ќе биде доцна.

5. Живејте го животот во согласност со себе, со она што вие вистински сте. Не се замарајте со она што другите го сакаат од вас. Бидејќи на крајот, во оние ваши последни 5 минути, нема да биде важно, дали сте живееле по правилата на другите, дали сте се вклопиле во друштвото, дали сте се однесувале по некои правила. Ќе биде важно, дали сте направиле нешто со она за што сте создадени, дали сте живееле 100%, дали сте биле храбри, можете ли да кажете дека вашиот живот е вреден за живеење.

Ако се грижите премногу поради осудите ( а нив секогаш ќе ги има, доволно е само една личност да мисли поинаку), ќе живеете туѓ живот. Оние, чие мислење ви е важно, се оние кои ги сакате…тие секогаш ќе ве разберат, другите не се тука за да ве разберат туку да ви покажат што е ‘правилно’. Според нив треба да се живее нивниот начин на живот. Таквите нема никогаш да ги задоволите, бидејќи нема го живеете својот живот, туку туѓите и како такви не се по ваша мерка.

И на крајот, танцувајте низ животот со насмевка на лицето.

Nives P

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: