Во последно време се повеќе се зборува за законот за привлекување.
За тоа како можеме да привлечеме се’ што ќе посакаме, бидејќи сме ние креатори, оние кои создаваат со своја волја.
Сепак, мислам дека често забораваме на фактот дека волјата е само еден аспект, која во голема мерка е непозната и за нас самите, просто поради фактот дека не сме свесни за тоа во потполност.
Законот за привлекување е еден од непроменливите закони на Свемирот и секако дека функционира.
Ние сме креатори, нашата стварност го менува секој момент под влијание на промените во нас самите.
Единствено што ние, за таквите случувања, не мораме да бидеме свесни.
Но, свемирот не прави разлика помеѓу нашите свесни и несвесни мисли и уверувања. И секако, постапува во склад со нив.
Несвесните уверувања и потиснатите емоции се причина зошто и покрај силните афирмации и намери во својот живот не го привлекуваме партнерот кој го посакуваме или подобра работа, повеќе пари..
‘Што зрачиш, тоа привлекуваш’ е точна изјава, но ние зрачиме и од своето несвесно а не само од свесниот ум.
Значи, ако сме полни со горчина и незадоволство, економска криза, погрешен систем на вредност и кој знае уште што не, тогаш, како во својот живот да привлечеме нежен, грижлив и стабилен партнер?
Најважно е да го прифатиме фактот дека создаваме не само свесно туку и несвесно.
И малку повеќе да се занимаваме со себе. Да внесеме светлина на свесност во темнината на несвесното и пополека да почнеме да се ослободуваме од емотивните блокади и погрешни уверувања.
Не мораме ни сите да ги освестиме, некогаш е доволно да знаеме дека во нас постојат и негативни уверувања која исто така влијаат на нашите избори и нашиот живот.
Прифаќањето е првиот чекор кон промените.
Сузана Вемиќ -transformacijasvijesti.com
Leave a Reply