Утре е нов ден, Сонце мое…

Oна што иднината ти го носи зависи исклучиво од твојата способност да сакаш. А за тоа ти треба апсолутна и потполна доверба во она што го правиш.
Не дозволувај, другите да речат: “Овој пат е подобар”,
“Оваа патека е полесна”.

Најголемиот подарок од Бог е моќта на одлучување .
Од мали нозе слушаме како она што го сакаме е невозможно.
Како годините ни се натрупуваат, го натрупуваме и песокот од предрасуди, стравови, вина.
Ослободи се од тоа. Не утре, не вечерва, туку сега.

Веќе реков, многу од нас мислат дека ќе ги повредат саканите ако во име на своите сништа, остават се’ зад себе.

Оние кои навистина ни сакаат добро едвај чекаат да не’ видат среќни дури и ако и понатаму не можат да не’ разберат што работиме, дури и ако се обидуваат да ни се закануваат, ветуваат или со солзи го попречуваат нашиот пат.

Авантурата во деновите кои ни престојат мора да биде романтична, бидејќи тоа на светот му е потребно, затоа, кога ќе јаваш коњ, почувствувај го ветерот на лицето и радувај се на чувството на слобода.

Но, не заборави дека пред тебе е долг пат.
Ако премногу и се препуштиш на романтиката, можеби ќе паднеш.
Ако не застане двајцата да се одморите, коњот може да умре од жед или умор. Слушај го ветерот, но не заборавај на коњот.

Коељо

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading