Зошто паметната жена е најчесто сама?

Секоја паметната жена е ‘ноќна мора’ за многу мажи. Што се жените попаметни, тоа им е потешко да најдат сродна душа. Дружељубиви се, одат на многу состаноци, но врските не им напредуваат. Факт е дека секој маж не е доволно јак за да може да застане рамо до рамо со паметна жена.

1.Паметната жена поставува паметни прашања. Таа сака да разбере што се случува во вашиот живот и ќе поставува прашања на кои можеби нема да имате одговор. Дури и на првиот состанок, ќе копа подлабоко во вашиот живот и ќе поставува лични и филозофски прашања бидејќи никогаш не ужива во плитки разговори.

2.Паметната жена е искрена. Можеби и многу искрена. Таа сериозно го разбира својот интегритет. Ако ја прашате било што, ќе ви ја каже вистината и го очекува тоа исто од вас.

3.Паметната жена знае што сака или кого сака. Таа веднаш знае дали и се допаѓате и не мора да ‘истражува’ или да оди на состаноци за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели, кои внимателно ги избрала.

4.Паметната жена сака сериозна врска. Сака долги разговори за вашиот живот, сака да ги слушне приказните за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Сака вистински однос кој оди понатаму од мали прошетки и забава.

5.Паметната жена не се плаши од интимност. Таа не се плаши од зближување или тоа дека ќе биде повредена ако премногу се отвори. Не мисли дека со тоа ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја ценат убавината на интимноста во врската.

6.Паметната жена гледа низ вас. Може да види кој сте вие навистина и што ве прави ранливи. Таа тоа нема никогаш да го злоупотреби, туку само сака да знаете дека ве разбира и дека не морате да се преправате кога сте со неа.

7.Паметна жена посакува доследност. Ја исфрла од такт превртливото однесување. Сака јака и цврста врска и знае дека зборовите мораат да ги пратат делата и обратно а тоа е основа на секоја врска. Паметната жена нема да игра ‘игри’. Потполно е природна пред мажите.

8.Паметната жена е интензивна. Можеби делува помалку застрашувачки бидејќи внесува страст и енергија во се’ што работи. Нејзините емоции се интензивни, како и нејзините мисли. Никогаш нема да биде рамнодушна кон работите кои и се важни.

9.Паметната жена знае како да сака. Ако не можете да ја сакате вистински, таа ќе си оди. Таа не знае како повремено да се гледа со некој кој навистина и се допаѓа или да биде пријателка со некој кон кој не е рамнодушна.

10.Паметната жена нема да ве чека. Нема да ве чека да се мислите или да се двоумите. Таа е јака и страствена и нема да ги троши своите емоции на некој кој не ја почитува нејзината длабочина. Иако трага за посебна врста на љубов, паметната жена не се плаши да биде сама.

извор: BIZlife.rs

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: