Камо среќа …

Сите имаме некој кој бескрајно нè сака …
Поготово Ти …
Ти имаш некој, кој е подготвен целото небо да го прегрне и скржаво, од сите сокриено, во срце да ти го тупне како мека воздишка…
Некој кој од сонцето не се плаши па го граба лакомо и во очињата ти го вметнува секогаш кога ќе те види .
Некој кој е подготвен секоја снегулка внимателно да ја изброи и толку бакнежи да ти подари …
Некој кој е способен секоја тага да ја истисне од светот за да не дознае што значат солзите од болка плачени…
Некој кој умее секоја нота од омилената музика во виното да ти ја истури, подигнувајќи ја чашата високо во здравица …
Некој кој очајно знае само да љуби, да гушка, да те возвишува и да ти се восхитува …
Некој кој несебично заглавил во тебе и патот за назад не го знае …
И знаеш …Многу пати ти завидувам …

Камо среќа и јас да имав некој како ти што имаш …

Камо среќа …

by Рената

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: