Нема назад..Збогум засекогаш!

Четириесетите, се години кога се прави големо спремање во животот. Она кога ти е смачeно некој да ти досадува, некој кој не те слуша, оној кој посакувашш да го менуваш, а гледаш дека не може.

Свесен си за тоа, кој те мрази, а ти се смешка, дека не можеш повеќе да гледаш завидливи луѓе околу себе, иако ги познаваш долго и добро, дека дволичноста ти се гади до коска.

Ти одат на живци пријатели, кои никогаш немаат време, ниту тогаш кога знаеш, дека го имаат.

Да, четриесетите се оние години, кога уживаш во она што го имаш и ‘баш те боли’ зошто нешто немаш. Да, тоа се оние години, кога можеш да се погледнеш во огледало и да си речеш: ‘Јас сум ОК’.

Се прифаќаш себе си со сите свои доблести и мани и можеш да си речеш: ‘Да, те земам за себе, до крајот на животот и во добро и во лошо’.

Кој не е тука, на тој пат да ти прави друштво и да те разбере, довидување, со здравје, збогум…

By Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: