Луиза Хеј: ‘Љубовта со љубов се враќа’

Длабоко, внатре во моето битие се наоѓа бесконечен извор на љубов. Сега и’ допуштам на таа љубов да излезе на површина. Таа го исполнува моето срце, тело, ум, свест, моето цело битие и зрачи од мене во сите смерови и ми се враќа двојно.

Што повеќе љубовта ја користам и давам, таа се’ повеќе и повеќе се зголемува, бидејќи потребата за неа е бескрајна. Кога давам љубов, се чувствувам добро; таа е одраз на мојата внатрешна радост.

Јас се сакам себе си а тоа значи, со љубов се грижам за своето тело, со љубов го хранам со здрава храна и пијалок. Со љубов го негувам и облекувам моето тело и тоа ми одговара со здравје и енергија.

Јас се сакам себе си и според тоа, се потрудив сама за удобен дом, кој ги исполнува сите мои потреби и во кој со задоволство престојувам. Секоја соба ја исполнувам со вибрација на љубов, така да секој кој ќе влезе, вклучувајќи ме и мене, ќе ја почувствува таа љубов и ќе биде исполнет со неа.

Јас се сакам себе си и според тоа, ја работам работата во која искрено уживам. Тоа е работа која ги користи моите творечки таленти и способности. Работам со луѓето и за луѓето кои ме сакаат мене и добро заработувам.

Јас се сакам себе и според тоа, се однесувам и мислам со љубов кон сите луѓе, бидејќи знам она што го пуштам кон надвор, дупло ми се враќа. Јас ги привлекувам само луѓето исполнети со љубов, бидејќи тие се огледало на она што сум јас.

Јас се сакам себе си и според тоа, заборавам и во потполност се ослободувам од минатото и сите искуства од минатото. Слободна сум.

Јас се сакам себе и според тоа, живеам во потполност, во сегашноста, доживувајќи го секој момент како добар, знам дека мојата иднина е светла, радосна и сигурна, бидејќи сум сакано дете на Бог и тој со љубов се грижи за мене сега и засекогаш. Тоа е така!

Луиза Хеј- ‘Како да го исцелите своето тело’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: