Што сака вашата душа?

Радоста која ја чувствувате, го покажува смерот по кој треба да одите во животот. Обрнете внимание на се’ кон што чувствувате страст, возбуда, што ве прави живи.Верувајте им на тие чувства и допуштете си да ги следите. Вашето срце знае повеќе од умот.

Ова се вистините за животот кои вашата душа сака да ги знаете.

1.Ти вредиш

Од самото раѓање вие сте вредни токму какви што сте. Кога тврдите дека имате мани и недостатоци, вие сте во расправија со животната сила која ве создаде такви какви што сте.

2. Водени сте

Можеби се чувствувате осамени и како цел терет на овој свет да е на вашите рамена. Вистина е дека вашето повисоко Јас секогаш е овде со вас, ви дава увид, инспирација и сила која ја барате. Вие само треба да ја предадете контролата и да побарате помош.

3. Ова е авантура

Овде на Земјата сте за да побарате авантура на животот. Одбравте да бидете овде за да откриете, создавате, изразувате, учите, ширите и го доживувате животот на начини кои не ви се достапни кога не сте во физичкиот облик. Гушнете го дарот кој животот и е.

4. Животот те одржува тебе.

Вашиот надворешен свет и околности го одржуваат вашиот внатрешен свет. Светот се однесува како огледало за да ви помогне да ги забележите своите уверувања и приоритети, за да можете да создавате живот кој ви носи се’ повеќе радост и исполнувања.

5. Твојата радост е важна
Радоста е водич кој ви покажува во кој смер треба одите во животот.
Обрнете внимание на се’ кон што чувствувате страст, возбуда, што ве прави живи. Верувајте им на тие чувства и дозволете да ги следите. Вашето срце знае повеќе од умот.


6. Се’ се случува за тебе
Секоја личност и ситуација во вашиот живот е присутна за да ви помогне да откриете повеќе за себе, да можете да еволуирате во посвесно и моќно суштество. Ако постојано се среќавате со исти ситуации во животот, побарајте поука и заблагодарете се за неа.


7. Ништо не треба да поправаш
Вие не треба толку да поправате колку што треба да сакате и прифаќате. Кога се изразувате себе си како безусловна љубов и сочувство, старите штетни обрасци на однесување и размислување природно почнуваат да бледнеат.


8. Ти си единствен
Вие сте единствен спој на страсти, таленти, интереси и особини. Ако немате храброст да бидете тоа што сте, никој друг не може и буквално му ја ускратувате на светот својата величенственост и незаменлив дар, со она што кој сте вие.


9. Ти си одговорен
Можете да одберете како реагирате на животот, на што го насочувате своето внимание и што создавате. Наместо да ги обвинувате другите луѓе и случки за својот живот и чувства, одберете како сакате да реагирате и како најповеќе сакате да се чувствувате.


10. Ти си моќен
Најголемите ограничувања кои ќе ги искусите во својот живот не идат од околностите, туку од ограничените уверувања за тоа кои сте и што сте способни да направите. Вие сте многу моќни отколку што сте свесни.


11.Ти си безусловно сакан
Животната сила која ве создала и вашето поголемо Јас ве сакаат безусловно токму такви какви што сте. Сакани сте повеќе отколку што мислите, на сите начини и секогаш, без крај.


извор: http://www.huffpost.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: