Подарена насмевка не е мала работа, така му се чини само на оној кој не ја подарува така лесно. Исто така е и со убавите зборови, нежни допири или гушкање.
Големи се тие работи на прелевање на убавата енергија, од една личност на друга. Колку многу се зборува со тие обични гестови, дури ни најспособните говорници не можат со збор да ги покажат, моментите кога некој искрено се смее, допира и гушка.
Научи да почитуваш и најмал гест на добрина!
И ако не доби од другиот тоа што посака, тоа не значи дека некој не дава се’ што има, дека не се дал целосно.
Научи да почитуваш мали знаци на љубезност, чуда со кои луѓето, секој ден се дарувани и им се на располагање а така малку ги користат, бидејќи не ја гледаат нивната скриена сила и значење, не ја гледаат моќта која го менува поединецот, меѓучовечките односи и на крајот и целото општество.
Научи да почитуваш и најмал гест на добрина! Немој да се убиваш само со грди зборови кои некој ти ги изрекол, повреди кои те раниле. Почитувај ги погледите на оние кои ти направиле нешто убаво, научи тоа да го почитуваш.

Тоа е единствениот дар, да осознаеш колку можеш да бидеш среќен иако немаш многу, иако сите твои желби не се исполнети. Научи да почитуваш тоа што некој утрово те поздрави, што те почести со кафе, што ти направил ручек, што те повикал на прошетка, што ти поверил нешто што на никој друг не се поверил. Големи се тие работи!
Научи да го почитуваш и најмалиот гест на добрина! Кога ќе ги забележиш тие најмали изрази на добрина знај дека тоа е порака на животот дека ти си одбран да ја пренесуваш таа најголема мудрост на животот на другите.
Луѓето кои тоа го прават се луѓе кои заслужуваат да се поклоните до земја, бидејќи нивниот успех е успех кој никогаш нема да избледи, бидејќи тоа се луѓе кои го менуваат овој свет.
Придружи им се на оние кои со мали гестови на добрина одлучиле да ја сменат оваа земја.
by Рита
Leave a Reply