Кога ќе видиш дека луѓето те лажат, сакаат да те понижат, не се спротиставувај. Пушти ги да направат тоа што наумиле.
Пушти ги да го покажат своето вистинско лице, за да видиш подобро кој, до каде може да оди. Нема долго да чекаш. Брзо ќе им стане јасно дека тебе тоа не те допира. Кога ќе видат дека ништо не ти можат. Кога ќе им стане јасно дека најмногу си наштетиле Себе си.
Кога ќе сретнеш такви луѓе, верувај, не знаат подобро. Тие всушност не знаат подобро ни за себе, а не пак за другите. Кога ќе завршат со тоа што наумиле, биди спокоен, само ќе покажат каков НЕ си ти и каков никогаш нема да бидеш.
Ако си го задржал достоинството, трпението, крената глава, само продолжи напред и биди среќен што не си паднал и што не те скршиле. Кога ќе видиш дека луѓето те лажат, понижуваат, не се сомневај во себе, мислејќи дека си помалку вреден и важен.
Тие само “ многу гласно” зборуваат за себе, никако за тебе. Остани исправен, биди храбар да се чувствуваш поинаку. Пушти ги луѓето да играат по свои правила, по нив или ќе се спасат или ќе се уништат. Живеј го животот, гледајќи во светлото а не во темницата.
Шири љубов а не отровот на негативноста.
Leave a Reply