Во животна фаза сум кога сфаќам дека не можам што сакам. Интересно е, меѓутоа, дека паралелно со растeњето на тоа сознание, се намалуваат и моите потреби.
Се’ повеќе е она што не го сакам. Изгледа дека тајната е во ослободувањето а не во врзувањето; во давањето, а не во земањето; во набљудувањето а не во грабањето.
Пушташ и се’ те пушта тебе. И траеме така светот и јас во меѓусебно воодушевување, без желба да се повредиме со ланец на било каков однос..”
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply