Анита Морџани: Сакајте се себеси со цело срце и болеста ќе исчезне

Сакајте се себеси како животот да ви зависи од тоа, бидејќи навистина така е.

Анита Морџани е индика, која поголемиот дел од животот го поминала во Хонг Конг. По тешката болест и искуства на состојбата на блиска смрт ја напишала книгата ‘Повторно родена’ , која многу бргу стана светски бестселер.

Денес одржува бројни мотивациски говори секаде низ светот и тоа е инспирација за многумина кои боледуваат од некоја тешка болест. Во април 2002г, на Анита Морџани и’ е дијагностициран рак на лимфните жлезди. Во тој момент имала 43 години и не го прифатила конвенционалното лечење, ни хемотерапија и цели 4 год се борела со оваа тешка болест.

Престојувала во Индија, практикувала јога и живеела според ајурведските начаела што многу и помогнало. Но, по враќањето во Хонг Конг, каде и почнала нејзината болест, се’ се враќа на старо.

Во последниот стадиум од нејзината болест, телото на Анита е покриено со рани. Имала тумор со големина на лимон и била толку слаба што не можела ниту главата да ја крене. По паѓањето во кома, нејзините органи почнале да откажуваат и докторите го чекале пристигнувањето на нејзиниот брат пред да ги исклучат апаратите. Додека семејството тагувало, никој не ни помислувал што се случува во нејзината свест.

Таа сведочи дека во 30 -те часови на кома била во друга димензија. Она што подоцна се случи ги изненади болничкиот персонал и семејството- Анита се врати во живот. Или подобро кажано се одлучи да се врати.

По будењето од кома, ракот се повлекол. Во рок од една недела во нејзиното тело немало ни трага од ‘лошите’ клетки. Лекарите на Анита ни денес немаат објаснување за ова чудесно излекување. Додека била во кома, Анита почувствувала како нејзината душа го напушта телото. Наскоро го слушнала разговорот кој го водел нејзиниот сопруг и лекарот надвор од болничката соба, на крајот од ходникот (кога подоцна тоа му го кажала на сопругот, тој бил запрепастен, сфаќајќи дека тој разговор токму така и се случил) Почувствувала како се буди во некоја друга стварност во која не постојат ниту време, ниту место.

Животот во физичкото тело во однос на овој живот на душата, и’ изгледал како вистинска илузија. Она што таму ја дочекало е бескрајна љубов. Тогаш стекнала увид во својот живот и го осознала фактот, како својата болест сама ја предизвикала.

Јаснотијата и разбирањето на се’ во таа реалност, вели, не можат со зборови да се опишат. Сфати дека животот е непроценлив дар и дека сите луѓе на некое подлабоко ниво се поврзани.

‘Го сретнала’ и својот татко, кој умрел пред 10 години, кој и’ рекол дека нејзиното време не е дојдено. Иако со него често во животот била во судир, овде ја чувствувала само неговата голема љубов и разбирање.

Искуство блиско на смртта- што е тоа?

IBS или NDE ( near- death experience) е вонтелесно искуство за кое сведочат бројни луѓе кои паднале во кома. Тие сите опишуваат исто- одвојување од телото, левитација, силно чувство на безусловна љубов, мир и прифаќање, светлина на крајот од тунелот и сл.

И покрај безброј сведоштва и многу поклопувања на приказните, научниците се и понатаму сомнителни. Тие тврдат дека мозокот пред потполното исклучување и смрт всушност само се поигрува со нас создавајќи халуцинација.

На Анита во таа реалност и бил понуден избор- да умре или да се врати во живот – и тоа потполно излечена. Но, колку и да се чини тој другиот свет прекрасен, особено затоа што исклучува било каква физичка болка, одлучи да продолжи да живее, за да ја исполни својата задача. Чувствувајќи го страдањето на своето семејство и сопругот, добила додатен поттик да се врати.

‘Штом ја донесов таа одлука да се вратам, секоја станица во моето тело реагираше на тоа и речиси моментално оздравев. Најважна лекција- да се засакаш себеси’.

Во текот на IBS Анита сфати колку е сама одговорна за тешката болест- никогаш не се сакала себеси. Пред болеста постојано им угодувала на другите и исполнувала туѓи желби, а себе си се ставала на последно место. – ‘Мојата цел во животот беше да им се допаднам на другите, да стекнам нивно одобрување’.

Себеси често си замерувала и посакувала да биде попаметна, подобра, продуховена. Си поставувала високи цели и постојано тежела кон нешто поголемо и подобро за да стекне признание и љубов од другите луѓе.

Болеста ја научи дека најважната работа во животот е да се засакаш себеси со цело срце.

Пред да се случи болеста Анита постојано живеела во страв, дека не е доволно добра за ништо што работела. Во тој страв, вели, станувала се помала, се’ додека болеста потполно не го угасило нејзиното тело. Освен тоа, панично се плашела од рак и хемотерапија.

Стравот се зголемил со загубата на две блиски личности кои по хемотерапијата, умирале од болови. Никогаш не дошла да ги посети блиските пријателки во болница кои боледувале од рак. Многу се плашела да ги види во таква лоша состојба, а истовремено чувствувала голема грижа на совест што ги напуштила кога им била најпотребна.

На крај тие стравови на Анита, како и внатрешните конфликти се претвориле во болест, која ја донесле до самата смрт.

Затоа, таа во секоја прилика има совети со кои им дава надеж на сите тешко болни за да ги охрабри. Од сопственото искуство препорачува да го слушнете сопственото тело. Запознајте го секој негов дел. Приуштете си кратка медитација во која ќе бидете сами со себе и слушајте пријатна музика. Анита вели дека секој ден им е благодарна на своите очи, уши, бубрези…што и служат така добро.

Ако во некој дел од телото чувствува болка или се појави болест, таа го поставува прашањето: Зошто си овде? Што мислиш да порачаш? Однесувајте се кон своето тело со љубов, не му замерувајте и не осудувајте. Ако дури и во својата болест праќате порака на љубов, во вас ќе исчезне секој страв, а тоа е единствениот пат кој води кон оздравување, вели Анита.

Ако сега сте дознале дека од нешто боледувате, продолжете да живеете како болеста да не е во вас, советува таа. Замислете дека докторот ви рекол дека сте потполно здрави. Како би се чувствувале тогаш?

Пробајте тоа да го почувствувате во себе и живејте како тоа да е вистина.
Ако морате да поминете одредена терапија или третмани, направете го тоа, но не дозволувајте вашиот живот да се врти околу болеста.
Посветете се на она што сакате.
Поврзете се со задоволството. И покрај болеста, нека во вашиот фокус биде забава и смеа.
Едноставно славете го животот.
И сама Анита вели, штом ја дознала својата дијагноза, станала опседната со болеста и постојано за неа размислувала, што било потполно погрешно.
Болеста е тука само да не’ предупреди дека сме заборавиле на себе и дека е конечно време да живееме автентично и со полни гради.


Извор: http://ndestories.org/anita-moorjani

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: