Добрината не е скапа

Опра Винфри е најмоќна, но и една од најбогатите жени на светот, а таа со својот пример покажува дека животот по сопствени правила е единствениот пат кон спокојот и среќно секојдневие. Во своите емисии до сега ги угостила највлијателните луѓе на денешницата и со своите инспиративни прашања покрена многу теми и даде одговор на прашања за кои повеќето луѓе секојдневно размислуваат. Овие се неколку цитати на Опра Винфри, за да ве потсетат што навистина е важно во животот.

– Добрината не е скапа.

– Ако го направиме овој момент најдобар, следниот ќе биде уште подобар.

-Верувајте му на своите инстикти, интуицијата не лаже.

– Најголемото историско откритие на сите времиња е да луѓето со својот став можат да ја променат иднината.

– Биди благодарен на она што имаш- ќе имаш уште повеќе. Ако се концентрираш само на она што немаш, никогаш, никогаш, нема да имаш доволно.

– Најголемата можна пустоловина е да живееш живот кој го сонуваш.

-Размислувајте како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех, бидејќи неуспехот е едно скалило до славата.

– Таму каде што нема борба, нема ни сила.

– Кога ќе погледнам во иднината таа е толку светла, што очите ме болат.

– Многу работи треба да си докажам себе си. Една од работите е дека можам да го живеам овој мој живот без страв.

-Што повеќе го почитувате и го славите животот кој го живеете, ќе имате повеќе причини за славење.

-Она во што верувате има поголема моќ отколку она за што сонувате, што посакувате или за она за што се надевате.

– Не живејте за да им угодувате на другите, бидете себе си на прво место.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: