Понекогаш човек едноставно ќе се умори

Понекогаш човек едноставно ќе се умори. И тоа е сосем ок… Ќе се умори од лаги, предавства, човечка завист, пакост и љубомора.

Ќе го уморат беспотребни правдања за добронамерни постапки, сомнеж и неискреност. Велат кога го имаш Бог за сведок пушти ги луѓето да мислат и зборуваат што сакаат.

Но, човек едноставно ќе се умори. Ќе се умори од постојано поставување на нови цели, качување по угорница која нема крај. Ќе го уморат поразите, но и победите.

Понекогаш човекот едноставно ќе се умори. Ќе го умори власта, полтрони и умилкувачи кои го опкружуваат, но и оние кои молчат, наседнуваат на евтини поени и дозволуваат неказнето, да поминува недостатокот од видливи резултати, неисполнување на ветеното и општата состојбата во општеството, кое не дава никаква надеж за подобро утре.

Понекогаш човекот едноставно ќе се умори. Ретко поминува од една во друга соба директно. Секогаш тука е некој ходник, некој меѓупростор на изгубени чекори. Оној во кој треба да донесе егзистенцијални- животни одлуки, во која соба да влезе, по кој пат да тргне и зошто?

Понекогаш човек едноставно ќе се умори. Тоа не значи откажување, дека не верува, дека не е мотивиран или дека не размислува позитивно.

Токму во тие моменти на умор од секојдневието, во лажното, евтиното и кичот, човекот ќе се пронајде себе си и тогаш тивко без голема бука, мудро и сигурно ќе оди по својот пат.

Понекогаш човекот едноставно ќе се умори. И тоа е сосем ок…

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: