Идат така денови кога животот почнува да те тренира. Ќе научиш да се гризнеш за јазик, а да не станеш мутав.
Ќе научиш да зборуваш и тогаш кога искрено би замолчал, а да не кажеш глупост.
Ќе научиш дека мораш и тогаш кога не сакаш, а да не се силиш себе си.
Ќе научиш да пливаш во гомна, а да не смрдиш на нив кога ќе се вратиш дома.
Ќе научиш да слушаш туѓи солзи додека своите ги голташ.
Ќе научиш да продолжиш понатаму, иако не знаеш каде.
Ќе научиш да живееш.
Блогдан
Leave a Reply