За атрактивни усни, зборувајте љубезно.
За прекрасни очи, пронајдете она што е добро во луѓето.
За добра линија, делете храна со гладните.
За убава коса, дозволете им на децата да ги провлекуваат своите прсти еднаш дневно низ неа.
За добро држење, одете со знаење дека никогаш не сте сами.
На луѓето им треба повеќе време за обновување, оживување, потврда, размислување; никогаш не отфрлајте никого.
Запомнете, ако ви треба некогаш помош, ќе ја најдете на крајот на вашите раце.
Кога ќе пораснете, ќе откриете дека имате две раце: едната да си помогнете себе си а другата да им помогнете на другите.
Убавината на жената не е во нејзината облека, нејзината фигура или фризура. Убавината на жената се гледа во нејзините очи, бидејќи тие се врата до нејзиното срце, местото каде љубовта живее.
Убавината на жената не е во нејзината надворешност, туку вистинската убавина на жената се отсликува во нејзината душа. Тоа е вниманието која таа несебично ја дава, љубовта која таа ја покажува.
Убавината на жената се зголемува како времето поминува.
Odri Hepbern
Leave a Reply