Биди машко- јави се прва 😉 😊

Мажите тврдат дека учењето на ‘женскиот’ јазик е потежок од англискиот, францускиот, германскиот..Речникот на ‘фрази’ кои ги ‘протумачиле’ сигурно ќе ве насмеат.

Еве ја листата нс 25 работи кои повеќето мажи погрешно ги тумачи.

25. Ништо. Не, тоа не е ништо. Нешто е секако и би било подобро што побргу да сфатиш за што станува збор. Хитно!

24. Дали сум дебела во ова? Најдобриот превод на ова гласи: ‘Дали мислиш дека не сум убава?’ Точниот одговор на ова прашање е: ‘Не’. Секогаш мора да биде НЕ.

23. Ајде пробај ( Само напред). Не го тумачете ова погрешно, како дозвола. Ова е најверојатно само предизвик. Не го правете тоа ни случајно.

22. НЕ! Едноставно – не!

21. ДА! Во повеќето случаи ова значи Не. Можеби има и исклучоци но многу тешко можат да се утврдат.

20. Можеби. НЕ!

19. Би било убаво ако… Се’ што има ‘ако’ се става во графата на неотповиклива наредба. Значи немате многу избор.

18. Во ред е (добро) . Ова значи дека расправата е завршена и дека сте изгубиле.

17. Океј е… Никогаш не е океј. Ова само значи дека и’ треба време да ја смисли казната!

16. Дали ме слушаш? Секако дека не. Не е можно да се извлечете од оваа ситуација.

15. До тебе е (ти одлучи). Ако мислите дека со ова е дадена некаква слобода при одлучувањето, тогаш многу, многу грешите. Најдобриот превод на оваа реченица би бил: ‘До тебе е…да избереш вистинска работа, за која знам, ама нема да ти кажам бидејќи треба да знаеш’. Погрешниот избор ќе ве доведе до реченицата ‘Океј е'( вратете се на број 17)

14. Гласно воздивнување. Да и тоа е збор. И може да се преведе вака : Не можам да верувам дека морам да стојам овде и да ги трпам твоите глупости.

13. 5 минути. Тоа зависи од контекстот. Ако е подготвена за излегување тогаш тие 5 минути се отприлика 30-40 минути. Ако вие сте се загледале телевизија тоа изнесива 0 минути.

12. Како и да е. Ова има исто значење како и ‘ Во ред ( Добро)’ но е многу полошо. Во повеќето случаеви ќе дојде до бројот 16. ‘Дали ме слушаш?’

11. Благодарам тоа всушност, тоа значи. Треба да се одговори ‘ нема за што’

10. Е баш ти благодарам. Делува како мала разлика во однос на обичното благодарам, но сосем е спротивно. Ни случајно не кажувајте ‘нема за што’ тогаш…тоа ќе ве доведе до ‘Како и да е’ (12).

9. Не се секирај за тоа. Ова значи дека ви кажала да направите нешто (најверојатно повеќе од еднаш) и сега планира тоа да го направи сама. Секое ваше следно мешање ќе доведе до ‘ гласно воздивнување’ (14).

8. Можеме да одиме каде што сакаш. Во повеќето случаеви тоа значи: Подобро е да го одбереш мојот омилен ресторан…или кафуле…Секако, нешто што таа ќе одбере.

7. Мораме да зборуваме. Мртви сте!

6. Што правиш? Ова всушност не е прашање. Ова е изјава во стилот: Го правиш тоа погрешно!

5. Дали мораш тоа токму сега да го правиш? Исто така, ни ова не е прашање. Тоа само значи: ‘Престани да работиш тоа што работиш и приготви се за следни инструкции’

4. Мора да научиш да комуницираш. ‘Комуницираш’ исто така може да се преведе како ‘се согласуваш со мене’

3. Не, не сум вознемирена! Да, вознемирена е.

2.Потребно ни е… Таа нешто сака

1. Не сакам да зборувам за тоа. Сака да си одите бидејќо уште собира докази против вас.

извор: ddl.rs

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: