Животот на никој никогаш не му останал должен

Животот е прекрасен, иако можеби не е онаков каков во детството сте замислувале. Годините поминуваат, а ние само нешто чекаме, за можеби еден ден конечно да почнеме да дишеме со полни гради, да станеме среќни и спокојни, за да можеме да почнеме да живееме.

‘Нашите’ години не можеме никогаш да ги вратиме назад и кога ќе стигнеме во длабока старост можеби ќе сфатиме дека животот незабележано поминал покрај нас додека замислувавме како сакаме да го живееме.

Што и да ве снајде, мора себе си да се потсетувате дека животот има непроценлива вредност. Животот е чудо, иако можеби моментално не ви е по волја. Обрнете внимание на се’ што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на случки кои ве прават тажни или радосни.

Прифатете се’ без изговори. Дозволете си себе си да страдате кога ви е тешко и да се радувате кога ќе доживеете успех. Сакајте со цело срце. Сакајте се’ – и она што ви одговара и она што баш и не. Извлечете најдобро од се’, од секој настан, од секоја личност, од секој проблем, од секоја препрека.

Засакајте се себе си, засакајте ја својата драгоцена улога, ова непрегледна шума околу вас. Вашето присуство не е случајно. Вие сте важна карика во огромниот ланец на постоењето.

Животот е дар, иако можеби немате се’ што отсекогаш сте сакале. Човекот жнее само она што посеал. Затоа садете само љубов, разбирање, добрина, човечност, искреност, милост, вера, сочувство. Верувајте дека добро со добро се враќа.

Правете добри дела. Помогнете на кој можете.

И запомнете една од најголемите вистини… Животот на никој никогаш не му останал должен.

Извор: uspesnazena

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: