Што сака да слушне мажот

Ако ви се чини дека вашиот партнер се одалечил од вас, обидете се да му кажете неколку работи. Со тоа ќе му дадете до знаење дека го сакате или ако вашата врска е во криза, ќе го придобиете назад.

Секако, дека поентата не е само така да ги кажете овие реченици- важно е тоа вистински да го мислите и со тоа вистински да му порачате на својот маж, токму она што сака да слушни од жената која ја сака.

-Го можеш ти тоа!

Повеќето мажи сакаат едноставно да ги пуштите сами да го најдат патот. Мажите просто расцветуваат кога ќе почувствуваат почитување, а тоа ќе се случи кога знаат дека вие одлично ја препознавате неговата способност да ги држи работите под контрола.

Сетете се и сами колку е убаво чувството кога некој го гледа најдоброто во вас, кога ќе го види вашиот потенцијал. Се чувствувате толку прекрасно и почитувано и ви се чини невозможно да не ја сакате таа личност која ви искажува љубов и верува во вас, зарем не?

Затоа или предложете му на својот партнер начин на кој може нешто да се направи, или пуштете го сам да одлучи за се’. Едноставно покажете му дека верувате во него.

Не е секогаш лесно да му покажете на партнерот дека верувате во него, посебно ако порано во нешто ве разочарал, но од друга страна, сетете се дека можеби токму тие грешки биле потребни за да научите нешто.

Вашето трпение и вера во него ќе ви значи се’. Речете му: ‘ Можеш ти тоа’!. Вашата вера во него може да му помогне да учи од своите грешки и некои работи да направи подобро токму поради тоа што верувате во него. Тоа им дава мотивација да ве направат горди. Кога ќе примети дека верувате во него, ќе биде и многу по отворен кон вас.

-‘Знам дека имаше добри намери кога тоа го направи’.

Обично кога сте фрустрирани поради партнерот, тоа е затоа што мислите дека не му е гајле за вас или се обидува да ве повреди. Кога сте вознемирени, емоциите можат да ве донесат на ‘погрешен пат’ и работите да не изгледаат какви што се. Она што секако треба да знаете е дека мажот кој ве сака не се обидува намерно да ве повреди, туку да ве усреќи.

Значи, потребно е да направите ментален напор тоа да го сфатите, пред да му кажете на својот партнер она што му е потребно да го слушне.

Затоа, фокусирајте се на тоа да го сфатите дека имал навистина добри намери кога нешто направи. Почитувајте го и имајте вера во него, бидејќи тоа значи дека го сакате.

Дури и кога ќе направи нешто на начин кој вам не ви се допаѓа, помислувате дека е ‘трапав’ или нешто слично, имајте разбирања. Веројатно имал добри намери, иако исходот можеби не е каков што сте го очекувале.

-‘Благодарам’ за тоа што го направи.

Мажите сакаат да направат нешто за својата партнерка и тоа не само во финансиска смисла. Ако партнерот ве изведе на вечера, тоа значи дека на некој начин чувствува емоционална одговорност за тоа искуство. Во колку сте задоволни и ви годи атмосферата, ќе се чувствувате убаво бидејќи направил нешто за вас да ве направи среќни.

Тоа е само еден од примерите, но поентата е кога партнерот ќе забележи дека ги почитувате некои работи кои ги прави за вас, ќе се чувствувате добро и ќе посакате повторно да направи нешто за да бидете среќни.

Од друга страна, ако не го почитувате тоа што го прави, нема да имате волја да направи нешто за вас. Исто така, потрудете се да му покажете благодарност за некоја конкретна работа.

Наместо едноставно да му бидете благодарни што приготвил вечера, пробајте:’ Ти благодарам што приготви вечера. Знам дека беше зафатен и тоа ми покажува колку се грижиш за мене.

Ќе забележите и сами дека е многу подобро од ‘Благодарам што направи вечера’. Да заклучиме уште еднаш, важно е овие реченици да доаѓаат од срце, а не само да ги кажете или уште полошо, со нив да се обидувате да го манипулирате партнерот.

извор: uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: