Сета тага и неволја во нашиот живот вкоренетa е во создавање на претпоставки и сфаќање на работите лично.
Дон Мигуел Руиз иако завршил медицина и станал хирург, по доживувањето на блиска смрт, одлучил да ги подучува другите со древни знаења кои ги стекнал од своите претци.
Во книгата ‘4 спогодби со самиот себе’ Руиз ни носи многу интересен поглед на светот и животот. Ги открива четирите моќни спогодби кои можеме да ги направиме со самите себе. Тие спогодби, ако се придржуваме, можат да ни дадат чувство на вистинска слобода во светот кој е исполнет со илузија и страдање.
Овие 4 силни и моќни спогодби ќе ви помогнат да ги срушите старите обрасци и уверувања и конечно да престанете да живеете во страв кој ви ја одзема драгоцената енергија. Еднаш кога ќе почнете да живеете во склад со нив, ќе доживеете потполна преобразба, но за тоа ќе ви треба голема сила на волјата, бидејќи и другите спогодби, кои ги склопивте уште од детството, се силни и живи.
1.Нека вашиот збор биде беспрекорен. Иако никогаш не би помислиле, но, ова е најтешката спогодба и ако успеете до крај да ја спроведете, ќе создадете свој мал рај на Земјата. Размислете колку пати сте кажале нешто што не сте сакале и колку пати некој сте повредиле, па потоа сте се каеле. Зборот е дар кој го добивме од Бог. Со зборовите ја остварувате својата создавачка моќ. Но, секоја моќ има свое лице и опачина. Зборот е како меч со две острици: тој може да не’ издигне ако е изговорена со чисто срце, а може вистински да не’ рани кога е изговорена во бес, болка и страдање.
Зборовите можат да иницираат војни. Само затоа што толку голем број луѓе му веруваа на вистинитоста на Хитлеровите зборови, платена е голема цена во човечки животи за време на втората светска војна.
Вашиот збор може засекогаш да го обележи нечии живот. На пример, ако сте мајка и во лутина на своето дете му кажете: ‘Ти тоа не го можеш, бидејќи си глуп’ тој и понатаму ќе верува, можеби и до крајот на својот живот. И тој збор на него ќе делува како тежок урок.
Бидејќи зборовите зараснуваат длабоко во нашиот ум и не можат да ги променат нашите уверувања- на подобро и на полошо.
Според Руиз оговарањето е најлош облик на употребени зборови. Тоа е црна магија и чист отров. Да оговараме сме научиле уште како деца.
Сетете се само колку пати сте слушнале од родителите, роднините, соседите….Како негативно ги коментираат туѓите животи. Затоа и вам ви станало нормално тоа да го правите.
Но, оговарањето вистински ве загадува и труе. За да ја испочитувате оваа спогодба, вистински внимавајте на секој свој изговорен збор бидејќи единствено така можете да се ослободите емоционалниот отров.
Подобро изберете молчење отколку зборот да го користите како оружје со кое ќе осудувате, просудувате и ги понижувате другите.
2 спогодба. Ништо не сфаќајте лично, бидејќи на тој начин се отворате кон бесмислено страдање’ – вели Дон Мигуел. Сфатете дека и другите луѓе го живеат сонот на планетата кој им е наметнат, да страдаат, а и тие во своето страдање и болка зборуваат и она што не мислат. Ако некој ви упатува лоши зборови, сфатете дека тоа го прави од страв бидејќи човекот кој чувствува љубов никогаш не може да каже такво нешто.
Значи, тоа се зборови кои исклучиво се поврзани со состојбата на таа личност, а не со вас. ‘Другите луѓе ништо не прават поради вас. Тоа го прават поради себе’- вели Дон Мигуел.
Секој од нас живее во сопствениот сон и не може да знае како се живее сонот на оној другиот човек. Имајте на ум и тоа ако поверувате во нечии негативни зборови, примате во себе емоционален отров кој понатаму продолжувате да го носите во себе.
Но, ако не поверувате во туѓите зборови, ќе се заштитите од црна магија. Кога знаете кој сте, нема да се воздигнувате на туѓи пофалби ниту ќе ве обесхрабрат туѓите прекори. Во оној момент кога повеќе ништо нема да сфаќате лично, ќе доживеете бескрајно чувство на слобода.
3. спогодба. Не претпоставувајте. Често претпоставуваме што некој друг прави или мисли и веруваме дека тоа е единствена вистина. И нашите претпоставки во главно се негативни:’ Таа личност ме изневери’, ‘ Не ми се јави, значи не му паѓам на памет’..
Поради лошите претпоставки за таа личност му пуштаме цел свој емоционален отров и затоа пропаѓаат многу пријателства и врски. Бидејќи се плашиме да ја дознаеме вистината за тоа што некоја личност мисли и прави, подобро ни е да продолжиме да веруваме во своите (неточни) претпоставки отколку да поверуваме во нивната вистинитост.
На пример, ако некој не ви одговорил на повикот, тоа не значи дека за таа личност сте помалку вредни или дека не ве сака или не ве почитува. Можеби е едноставно зафатена со решавање на свои лични проблеми или му се случило нешто непредвидено.
Исто така претпоставуваме дека нашиот партнер знае што ние мислиме или дека знае што очекуваме од него, а тогаш нашите очекувања не се задоволени и стануваме огорчени. Затоа, наместо да претпоставите или страдате поради тоа, подобро повикајте ја таа личност или договорете средба во четири очи и прашајте што навистина се случило.
Бидете храбри и отворени. Верувајте дека вашите претпоставки ќе се распаднат како меури од сапуница. ‘Кога не создавате претпоставки и вашиот збор станува беспрекорен- вели Руиз

4 спогодба. Секогаш давајте се’ од себе. Дон Мигуел Руиз вели дека секогаш треба да се даде се’ од себе во секоја животна ситуација. Кога даваме малку, често знаеме себе си да се осудуваме и при тоа да чувствуваме грижа на совест.
Но, ако даваме повеќе од својот максимум, трошиме повеќе енергија а постигнуваме помалку. Многу луѓе мотивирани се исклучиво со награда, па кога знаат дека ќе следи награда, ќе го дадат својот максимум. Но, треба да даваме најдобро од себе независно од исходот и независно од наградата.
Како добар пример на личност која дава се’ од себе Руиз го наведува филмскиот лик Форест Гамп. Тој немал големи планови и визии, но секогаш делувал, секогаш во се’ што правел давал свој максимум Запомнете: Не очекувајте дека секогаш ќе бидете во состојба својот збор да го одржите беспрекорен, но дајте се’ од себе.
Не очекувајте никогаш ништо и нема да сфатите лично, но дајте се’ од себе. Не очекувајте дека никогаш нема нешто да претпоставите, но дајте се’ од себе- порачува Мигуел Руиз.
Ако прекршите некој од овие спогодби, не се откажувајте и не се обвинувајте себе си. Дајте си многу време..
извор: Novipocetak
Leave a Reply