Некои нешта не можеме да ги вратиме

Една жена требала да помине неколку часа на аеродором, додека не дојде време за нејзиниот лет. За да не и’ биде досадно, жената си купи книга и едно пакетче бисквити. Додека читаше книга, до неа седна еден млад маж.

Тој ја подал раката и почнал да си зема бисквити од пакетчето кое било ставено помеѓу нив. Една по друга тие исчезнуваа во неговата уста.

Жената одлучи да не се расправа со момчето и не му рече ништо, но започна и таа да јаде од бисквитите со истото темпо со кое јадеше и тој.

По некое време таа навистина се налути и си помисли : “Да не бев толку воспитана и образована, досега веќе сто пати ќе му залепев шамар на овој невоспитан човек.”

Секој пат кога жената посегнувала по бисквита, момчето исто така си земало една бисквита од пакетчето. Погледите постојано им се вкрстуваа и дојде моментот кога во пакетчето остана уште една бисквита. Жената беше многу љубопитна како ќе постапи бесрамникот сега. Тој ја зеде последната бисквита, ја скрши на два дела, и ја подаде едната половина на жената, а другата половина ја изеде. Таа ја зеде налутено половинката и си помисли :

„Колку неблагодарен тип! Колку невоспитан! Дури ни благодарам не ми кажа!“.

Во тој момент го објавиле нејзиниот лет и таа со олеснување воздивна, стана и се упати кон терминалот без збор. Дури не се ни заврти, ниту пак погледна кон бесрамниот крадец.

Откако се качи во авионот, таа ја отвори чантата за да ја извади книгата која ја читаше. На нејзино огромно изненадување, ги виде своите бисквити недопрени во нејзината чанта.

–        Боже мој! – си помисли жената. – Ако моите бисквити се тука, значи оние кои ги јадевме беа негови и тој ги подели сите со мене!

Веќе беше доцна да му се извини на момчето. И остана само со непријатно чувство да си признае дека таа беше невоспитана, бесрамна и крадец, а не момчето кое предвреме го осуди како најголем никаквец!

Колку пати во животот ни се случувало, да бидеме сигурни дека некоја работа се случила токму на некој определен начин, за на крај да испадне дека воопшто не било така…

Треба да помислиме два пати пред да ги осудиме другите и пред да помислиме нешто лошо за нив, да се посомневаме во сопствените претпоставки.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: