Таа не е совршена. Не си ни ти

Таа не е совршена. Не си ни ти. И вие двајцата никогаш нема да бидете совршени.

Но, ако може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислиш два пати, ако признава дека е човек и греши, остани покрај него и дај му најмногу што можеш.

Тој нема да цитира стихови, тој не мисли на тебе секоја минута, но тој го дава оној дел од себе, кој ти можеш да го уништиш и тој тоа го знае. Не му создавај болка, не се обидувај да го промениш и не очекувај од него повеќе од што може да даде. Не анализирај.

Го отвораш своето срце иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и во отворањето на срцето доживуваш љубов и задоволство кое никогаш не си мислел дека е можна.

Сфаќаш дека ранливоста е единствен начин на своето срце да му овозможиш да го почувствува вистинскиот притисок кој е толку вистински, што те плаши.

Работите, кои порано не те интересирале, стануваат фасцинантни бидејќи знаеш дека и’ се толку важни на таа личност која ти е посебна. Мислиш на неа во секоја прилика и во се’ што правиш. Се присетуваш на неа како што се бледоплаво небо, нежен ветер, па дури и олуен облак на хоризонтот.

Длабоко верувам дека само еднаш во животот ќе најдеш луѓе кои се во состојба целиот твој свет да го свртат однопаку.

Боб Марли

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: