Научи да останеш смирен што и да се случува околу тебе- е едно од најголемите животни вештини. Да се остане смирен и покрај тоа што твоите планови не се остваруваат и што другите го надминале тоа.
Да се остане смирен кога ќе почувствуваш дека во туѓите зборови не е вистината бидејќи единствен кој ќе трпи последици на својата лага се тие самите.
Да се остане смирен и кога ќе те критикуваат но и кога ќе ти дадат комплименти, бидејќи сфаќаш дека тука нема ништо повеќе од обични зборови.
Научи да останеш смирен што и да се случи околу тебе, дури и тогаш кога ќе победиш бидејќи си свесен дека тие победи нема вечно да траат и дека секое занесување и гордост не го зголемуваат, туку го скратуваат твојот мир.
Да се остане смирен и тогаш кога ти се восхитуваат, кога ти велат дека на нив можеш да се потпреш и кога се колнат во вашето пријателство, бидејќи си свесен дека во светот се гази зборот повеќе од било што друго.
Да се научи да се остане смирен и покрај навредите на другите, бидејќи сфаќаш дека не мораш да прифатиш се’ она што доаѓа од другиот, било добро, било лошо. Не мора да влезе во твојот внатрешен свет и може да помине и покрај тебе, како што ветерот проаѓа.
Да се биде смирен и покрај лузните кои ќе ги добиеш, бидејќи од нив ќе излезеш како појака личност.
Биди мирен, постави граници за туѓите зборови насочени кон тебе и навредувачки односи, до каде си човек и до каде можеш да толерираш, а потоа направи рез и не дозволувај некој да те прави будала.
Научи да бидеш смирен бидејќи тоа е знак дека си научил да го сакаш својот живот, бидејќи каков и да е- твој е.
Научи да бидеш смирен бидејќи тоа е знак дека си господар на својот живот, а не некој друг!
Leave a Reply