Најдобрите работи во животот се бесплатни

Нема да ви посакам среќа, бидејќи луѓето среќата различно ја толкуваат.

Затоа ви посакувам тишина, бидејќи тишината е место на кое се раѓа среќата. Би сакал вашите лични желби да ве донесат до тишините, во длабочината на вашата свест.

На тоа место ќе најдете се’ што ви е потребно за да бидете среќни.

Можам да ви посакам и мудрост, тоа ви е сигурно потребно. Но, ни тоа нема да го направам, бидејќи вашата мудрост доаѓа од тивкото ваше средиште.

Не е возможно да бидеш мудар а да не ја познаваш таа тишина. Подобро барајте ја неа а вашата потрага сама по себе ќе биде знак дека мудроста ве нашла вас.

Коељо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: