Оној кој ги гушка твоите мани и продолжува да те љуби…Е, тој

Сакам да бидам среќна сама со себе. Сакам да имам среќа која не може да се изгуби ако срцето ми се скрши. Сакам да ја имам она врста на среќа која нема да исчезне во еден миг кога некој ќе ме изневери или ќе се откаже од мене.

Сакам срцето да ми бидe целосно исполнето дури и кога нема да биде испреплетено со друго срце. Сакам да бидам сама во својата радост. Не сакам да зависам од никој друг, да ми ‘направи’ живот или да запали искра во мене.

Сакам да го видам светот во убави бои, дури и кога сум сама. Сакам храброст со која на светот ќе гледам со розеви наочари, дури и кога никој не е заљубен во мене, дури и кога никој не ме гледа како негова најсјајна ѕвезда на небото.

Бидејќи јас сум сеуште прекрасна ѕвезда. Сеуште го имам цел свој свет поради кој сум среќна. Ако изгубам некој кој го сакам, не сакам мојот свет да се распадне. Не сакам да ми се сруши се’ што имам, како другите да се причината поради која сум живеела.

Сакам да бидам тажна, сакам да ги чувствувам работите, но сакам да знам дека ќе бидам во ред. Сакам да знам дека нема да престојувам во темница и осаменост. Сакам да се осигурам дека нема да заборавам кој сум.

Немој да ме разбереш погрешно. Сакам повторно еден ден да љубам. Но, не по цена на мојата среќа.

Види, јас сакам да бидам љубов. Сакам да бидам полна со толку многу љубов и да знам, длабоко во себе, дека секогаш ќе застанам на свои нозе. Дека нема да потонам длабоко во мрак ако бидам одбиена. Да не се чувствувам празно и скршено ако некој замине. И нема да го менувам она што сум, со чувствата на некој друг околу мене.

Сакам мојата душа да ‘гори’ волшебно, сама од себе, а ако некој друг ми доаѓа во пресрет, мојот пламен само да биде уште по величенствен.

Сакам да бидам во ред, а при тоа, никој да не го држи моето срце. Сакам да го земам моето срце во своите дланки, така цврсто, да не му дадам моќ на некој друг да го испушти.

Ако најдам некој толку прекрасен да му дозволам да влезе во мојот свет, ќе го пуштам, да ми помогне да го задржам моето срце. Да ми помогне да го негувам уште повеќе.

Ќе му дозволам да се заљуби ‘до уши’ во моето срце. Но, нема да им дозволам да го испуштат. Нема да им дадам дозвола да ја убијат сета љубов која морам да ја дадам.

Затоа што длабоко во себе знам дека сум потполна. Среќна сум. Добра сум, сама од себе. И засекогаш сакам да зрачам со таа енергија на среќа која не може да се уништи кога срцето се крши. Никогаш повеќе не сакам да паднам на земја, ниту во депресија, ако некој друг одлучи дека не сум личност за него.

Никогаш не сакам да се чувствувам како да не сум доволно добра, затоа што не сум вистинска за некој друг. Јас знам дека сум доволна..доволна за себе. Сакам да бидам среќна сама. Сакам да бидам во ред сама. Сакам со леснотија да танцувам на мојата омилена песна.

И затоа, ако одлучиш да танцуваш со мене, или ако одлучиш да ме љубиш, ти ветувам дека ќе ти се допаднам веднаш. Ќе го поделам срцето со тебе. Ќе ја поделам среќата. Ќе се поделам и себе.

Само морам да се присетам дека другите ја додаваат својата љубов на онаа која веќе ја имаат во себе, наместо да ја менуваат. Можеш да ме кренеш до облаци, но само тогаш кога ќе речам јас, па макар паднала.

Заедно можеме да запалиме оган. Заедно можеме да бидеме волшебни. Можеме да се надополнуваме. Да се подржуваме секој ден. Но, длабоко во себе сеуште можам да бидам убав пламен и потполно сама. Ќе знам дека длабоко во себе можам да бидам среќна, потполно сама.

Ќе знам длабоко во себе, дека сум ок, дури и ако те немам тебе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: