Жени, покрај кои им е добро на сите

Jа знам таа сорта на жена.

Тие се тенки и високи, долго млади и убави, а умни, практични, секогаш насмеани, мелодични како виолина.

Имаат сосем јасни ставови и одреден статус во животот. Среќни се во семејството, а кога, случајно тоа не се- не се жалат.

Нивните способности се над просечни, нивните чувства можат да ја издржат секоја проба.

Нивната природна љупкост постојано гори и кога се чини дека ќе букне во некој голем, величенствен пламен, таа се смирува, по некое внатрешно правило; а кога се чини дека може да се угаси, наоѓа во себе нови сили и пламен.

Тоа се жени покрај кои им е добро на сите, на никој студено, на никој пре жешко, жени кои мажите ги сакаат и бараат.

Иво Андриќ

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: