Се бирам себе си

Поголемиот дел од својот живот поминав обидувајќи се да им угодам на луѓето, да не ги повредам. Фино и пристојно девојче. Се трудев да не бидам многу чувствителна, да не покажувам солзи пред секоја неправда која ми е нанесена.

Се грижев за другите и посакував некој да се грижи за мене. Сакав луѓето да ме сакаат. Сакав некој да ме посакува. Сакав да ме прифатат. Поголемиот дел од својот живот, не бев среќна. Постојано се жртвував себе си. Давав се’ од себе, другите да ги усреќам а јас страдав.

Никој тоа не го виде. Уморна сум. Уморна од желбата да станам туѓа идеја за добро човечко суштество. Уморна сум од угодувања. Доста ми е од се’!

Проклетство ова сум јас! Јас сум вредна, јас сум важна, јас постојам! Моите мисли се важни. Моите чувства се важни. Моите зборови се тука, ги слушате, ја читате мојата вистина. И ако сега се’ ве лути и непријатно ви е, јас се бирам себе и својата вистина.

Одете ако ви е непријатно покрај мене. Одете бидејќи ги бирам своите чувства и себе. Одете, олеснете ми..

Ова сум јас! Мислам како што мислам, изгледам, како што изгледам, чувствувам она што чувствувам, сакам онака како што сакам. Тоа сум јас, комплетна јас а не дел од вашиот калап кој го смислиле за мене. Нема никој да ме менува, бидејќи не одговарам на неговата идеја за мене.

Ако треба да се променам, јас ќе ја донесам таа одлука, бидејќи сама себе ќе се променам онака како јас што сакам. Прифатете ме мене ваква или одете понатаму. Земи или остави, нема трето.

Нема повеќе да живеам со половина срце. Кога сум лута, ќе го покажам тоа. Ќе бидам и понатаму внимателна и сочувствителна кон другите, но, не се давам себе си на секој. Мојата среќа е на прво место. Искрена сум, ќе се смеам, ќе плачам, ќе пеам, ќе сакам…

Бирам она што мене ми е важно. Она што е добро за вас, можеби не е добро и за мене. Бирам да живеам среќна. Сите имаме право на избор. Јас се избрав себе.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: