Имаш право на бес, на збогум, на заборав, на слобода

Слобода и подршка ти стигнува од Создателот. Таа е безусловна и на твојата чистота ти носи луѓе со слични вибрации. Откажи се од потребата да ги поправаш работите и другите да ги уверуваш што си ти. На кого му е гајле?

Зар не е вредно да го изгубиш она најсветото во себе поради некоја расправа, поради потврдување дека ти си всушност добра личност?

Имаш право на свои чувства и тие за тебе се највалиден показател каде треба да бидеш и по кој пат понатаму да одиш. Нека мислат другите што сакаат. Имаш право да кажеш НЕ на калапот кој ти се наметнува, кој ‘просветлена’ личност треба да ја исполни.

Имаш право на бес, на збогум, на заборав, на слобода, нешто да не ти е пријатно и со живеењето по Божјите начела, да се поштедиш себе си од наизглед добронамерни луѓе.

Никакво добро не правиш ако ја трошиш својата енергија, ако како донатор ја подаруваш на сите кои се хранат така. Никој тебе не те променил, затоа ни ти немој никој да менуваш со своето присуство. Отпушти ги другите, грижи се за себе.

Дури ни тоа не можеш, без Бог кој те чува, води и насочува. Ништо не е вредно, за тоа да му го докажуваш на некој кој од старт погрешно те разбира.

Кажи благодарам! Благодарам, што доаѓа до хаотични ситуации, во кои нешто поголемо од тебе те спасува, за и понатаму да заглавуваш во својата емотивна бездна. Кажи благодарам, што тоа се случи СЕГА, а не некогаш во иднина, кога потполно ќе загинеш, обидувајќи се да бидеш или да докажеш нешто што не си.

Кажи благодарам, што е се’ така јасно како ден и ако не знаеш како понатаму сам, барај помош! Физички тргни се од изворот на страдање, опкрижи се со енергија која ќе те подигне, помоли се за разрешување на ситуацијата, предај ги своите емоции на Универзумот и побарај од Создателот да дојде на местото каде што е твојот ум.

Предај го својот ум на Бог, бидејќи тој е под твоја контрола и ќе те доведе во иста замка каде што веќе си бил. И помоли се да бидеш јак и емотивно дисциплиниран за да се тргнеш од она што ти нанесе повреда на твоето енергетско битие, на твоето внатрешно дете и на се’ онаму каде што моментално чувствуваш напнатост.

Животот е чуден и носи искушенија точно таму каде и порано паѓаше. Не наседнувај повторно, по милионити пат, на ‘помош’, која ти се нуди, која е само облека со потполно друга енергија.

Ти не си некој друг. Некој друг не е тука. Животот сега те ослободува од драма и страдање, во која учествуваше и помогни си себе си во тоа. Хармонија е можна, иако старите твои делови те ‘фатиле’ на возбуда, која стресот и расправата ја носи. Прости. Прости си и себе си и на другите за сите непријатности кои сте ги предизвикале и сега отстапи храбро понатаму.

Не си ја скратувај себеси љубовта, само затоа што себеси се внесе во одамна позната ситуација на хаос и немир. И понатаму вредиш. И понатаму заслужуваш најдобро. И понатаму си сакано суштество на Универзумот на кој мирот му е природна состојба.

Што и да се случи, отпушти сега се’ што те држи во калта на сопственото постоење и тргни горе каде што припаѓаш. Си дозволи себеси заборав и тоа е во ред. Сега издигни се каде што припаѓаш и биди благодарен на научената лекција.

Во мир со себе и во единство со Создателот нека блаженството биде тука.

Извор: pozitivnapsihologija.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: