Не постои глупа и проста душа

“Кога на човека тагата му седнува во скутот и кога се уверува дека го промашил животот, посакува да заврши со своите маки. Потоа, се разбира, ја прифаќа судбината како сопатник и не умира туку со искра надеж оди во непознатото.”

“Да ги разбереш човечките карактери ќе ти требаат два животи. Како се формира човек со силна омраза, врела желба за катастрофа, што ја глода туѓата среќа, свесно што го разурнува делото на градителите? Апсурден облик на смртта, прерано дојдена зима, мрачна иднина.”

“Природата уште еднаш докажа дека не постои глупа и проста душа, туку само слепило на разумот кое во човека го разбудува ѕверот. Затоа светот не пропаѓа ами бескрајно пати.”

Извадоци од романот:
Дува од Божин Павловски

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: