Што за мене ќе помислат луѓето? – Баш ми е гајле!

Еден ден ќе сфатиш дека остана сама.

Всушност секогаш си била сама, но тоа сознание обично доцни. Родителите умираат, мажите умираат или се менуваат, љубовниците изневеруваат, децата растат…или си одиш од нив, бидејќи стануваат странци. Се руши она што до вчера функционираше.

Не е важно што ќе се случи, запомни: осаменоста е секогаш зад грбот. Зрелост- е способност да бидеш сама, без драматика, со мудрост. Пригответе се за тоа на време. Ево како:

1.Сите, освен најблиските се заменливи. Пуштај ги новите луѓе во својот живот, дури и ако не приметуваш дали имате нешто заедничко.

2. Прости им на оние на кои можеш, другите заборави ги. Заборав- најголема казна и најдобар лек. И никогаш со никој не се расправај.

3. Не брзај. Се’ брзо се случува? Не е со долг век- ќе го направиш тоа. Ако си се предомислила, значи не било значајно. Ризични желби и постапки си одат, дај им време да ‘легнат’. Работи она во што не си сигурна, само тогаш ако таа желба те прогонува веќе подолго време.

4. Оваа точка ја надополнува предходната: ако нешто навистина сакаш и сметаш дека е правилно- делувај! Желбите се живот. Дај им на желбата да живее внатре во тебе и следи ја. Ако не исчезне, исполни ја.

5. Работи што сакаш, но грижи се за својот дух и тело, инаку непредвидено ќе ти се одмазди. Стекни навика на ослушкување што сакаат духот и телото и исполни им ја желбата. Тоа. Ако никогаш не си ја слушала својата душа и тело и не знаеш како зборуваат, почни од едноставни работи, како читање книга, молитва, медитација, здравје, прехрана, прошетки, пливање или јога. Понатаму се’ ќе се случи, само од себе: духот и телото чекаат да бидат слушнати.

6. Романтика, љубов и страст. Но, ако ги помешаш со секс, можеш да останеш без се’. А тоа е штетно и не премногу паметно.

7. Последна работа за која треба да се грижиш: што за тебе ќе помислат луѓето. Луѓето во главно мислат за себе, но истотака и за тебе- мерејќи по свои уверувања.

8. Плаши се за сигурноста, рутината, предвидливоста. Сигурност- почеток на сенилност. Сомневај се, допуштај други варијанти, оставај ги отворени патиштата за повлекување.

Се сомневам во секоја точка која ја напишав. Но, ќе оставам се’ како што е. Еден ден ќе останам сама и ќе проверам дали е ова навистина корисно.

9. Ова е единствена точка, во која не се сомневам: чувајте ги пријателите. Многу е вредно да ги собирате и негувате пријателствата. Еден ден, кога ќе сфатам дека сум останала сама, тие ќе дојдат и ќе ми кажат: Дали си нормална, па не имаш нас!

И тоа е вистина.

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: