Желбата во вашето срце

….И на крајот, онаа најголема од сите желби – желбата во вашето срце да живее љубов. Можеби не сте приметиле, можеби ве збунив, но тоа во го зборувам цело време!

Што е љубовта ако не наш најдлабок корен? Какво име ќе му дадеме на љубовта, ако таа не достигнува до длабочините на самиот извор кој ги спојува сите луѓе и сите живи суштества на овој свет?

За да можете да сакате, чисто, искрено и вистински, морате да ја познавате тишината на сопственото срце. Од неа, од тие бескрајни длабочини на човечката душа, се создава среќа, мир, сила, изобилство, мудрост, радост и здравје.

Тој извор, таа тишина, тоа е љубов на која уште не сме и’ дале име. Запомнете, љубовта, како и вистината, убавината и сочувството, немаат имиња, род, пол, раса или националност.

Љубовта е сила која во тишина не’ спојува. Затоа од срце ви посакувам токму тоа: Тишина. Ако доволно ја познавате, од неа ќе израсне вашиот живот- онаков каков го посакувате.

Коељо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: