Децата ќе личат на вас, затоа воспитувајте се себе си

Кога сите заедно ќе ги сумираме, можеме да видиме неколку конкретни чекори кои упорно се повторуваат и истакнуваат како важни насоки кога станува збор за начинот на одгледување на среќно дете.

Многумина го игнорираат фактот дека треба да работат на себе, па токму затоа на прво место ќе ја ставиме таа работа. Ако сакате да подигнете среќно дете и вие треба да бидете среќен, што значи треба да пронајдете време за своето хоби и активности кои се само на ваше задоволство или страст.

Животната рамнотежа е исклучително важна. Прилагодената кариера и семејството, како и времето за себе, ќе помогнат во намалување на стресот и ќе овозможат да имате порелаксиран пристап кон децата и воспитување кое се темели на подобра комуникација и здрав однос.

Сигурно сте слушнале за поимот мајка хеликоптер, која има премногу стравови во врска со своите деца и секогаш внимава на секој нивен потег. Наместо тоа, овозможете му на вашето дете да биде дете. Тоа има своја автономија односно волја – па дозволете му да ја покаже.

Овозможете му на детето само да избере што ќе носи, со кого ќе се дружи, на кои воннаставни активности ќе оди … На тој начин ќе му помогнете на вашето дете да развие доверба во себе, да изгради самодоверба и да се научи на одговорности. м

Колку дневно поминувате во кругот на семејството, зборувајќи за луѓето, настаните и идеите кои го одбележале денот? За жал, многумина на тоа прашање ќе имаат незадоволителен одговор.

Наместо повеќето комуникации да се сведуваат на критики, приговарања и предупредувања – обидете се да му овозможите на вашето дете повеќе да зборува и да го изрази своето мислење за настаните во врска со семејството. Вклучете ги во секојдневното донесување одлуки со цел да се чувствуваат колку што е можно повеќе рамноправни.

Децата се најранливите членови на општеството, па им е потребна поддршка од поширокото семејство и од пријателите. Овозможете му на детето да биде дел од заедницата. Организирајте семејни ручеци, скара за пријатели во природа, посета на фарма со пријателите од училиште или детската градинка. Важно е дека тие се чувствуваат дека некаде припаѓаат и дека тие сигурни тука каде што се.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: