Среќо моја..

Статистиката во Велика Британија покажува дека луѓето, всушност, имаат мали желби, поточно едноставни начини кои водат кон среќен живот. Што вас ве прави среќни? Дали е тоа можеби мирисот на тазе испечен колач или само што измеленото кафе?

Во дел од одговорите на Британците, на прашањето „што ве прави среќни“, имало различни варијанти – од желбата да има парк на крајот на нивната улица, до поседувањето семејство и пријатели, пишува Daily Mail.

Околу 7.000 луѓе одговориле на прашањето, преку онлајн анкетата на Оns.gov.uk. Дека луѓето се едноставни и не бараат многу во своите желби покажале одговорите дека за среќата е потребна работа, лично здравје и добри врски со партнерот и семејството.

Дел од луѓето, пак, одговориле дека патот до нивната среќа е прошетката во парк, а други кажале дека јавните сервиси, како базени, библиотеки и зелени површини се заслужни за нивните среќни животи.

Една жена напишала: „Шетањето на моето сакано куче, додека го слушам ветерот како шушка и птиците како пејат“, а неколку луѓе пишале дека доброто функционирање на општеството ги прави среќни.

Дел од одговорите во анкетата:

„Праведност за мене и другите. Ако нешто ми се случи надвор од мојата контрола, сакам да има безбедносна мрежа која ќе се грижи за моето достоинство“.

„Се чувствувам среќен поради работата што ја работам, и тоа што од време на време можам да си дозволам некои работи“.

„Животот во пријатна, безбедна и зелена средина ме прави среќен“.

„Добри лични врски, доволно пари за да ги задоволам своите потреби и добра духовна врска со Господ“.

Иако, доста често нашите потреби се разидуваат со нашите можности, многу е важно да научиме да го цениме она што го имаме. Да им се радуваме на малите работи – на новиот пар чевли, новиот пријател, зајакнувањето на врската со стариот, бакнежот добиен денес, убавото кафе испиено утрово, сонцето кое ќе не почести со своето присуство, прегратката од блискиот, насмевката од комшијата…

И следниот пат кога ќе почнете да се жалите дека сте незадоволни од животот, обвинувајќи го дека е неправеден кон вас, сетете се и сочуствувајте со жртвите на светските катастрофи и заблагодарете се што сте живи, здрави, сакани и имате дом.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading