Да се живее љубовта

Едно момче и една девојка лудо се вљубиле еден во друг. И тие решиле да направат веридба. Верениците секогаш си даруваат подароци.

Но, момчето било сиромашно. Негово единствено богатство било еден часовник што го наследил од својот дедо. Мислејќи на убавите коси на својата сакана, тоа решило да го продаде часовникот и да и подари убав сребрен чешел.

Од своја страна, ни девојката немала со што да го плати подарокот за својот вереник. Отишла кај најбогатиот трговец во градот и му ја продала својата коса. Со добиените пари таа купила златен синџир за часовникот на својот сакан.

Кога се најдоа, на денот на веридбата, таа му подарила синџир за часовник кој беше продаден, а тој чешел за косите кои беа отсечени.

Извадок од романот “Крај реката Педра седев и плачев”

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: