Боже, те молам…

Боже, те молам да ми дадеш сила да ја прифатам сегашната состојба. Те молам да ми помогнеш да го разберам животниот процес и во мир да го дочекам сознанието за тоа зошто моменталната ситуација е дел од моето искуство.

Моментално не ја гледам широката слика, тебе те молам за подршка, која секогаш треба да ја имам на ум. Знам дека наскоро ќе ми стане јасно дека секое делче од мозаикот е навистина совршен дел и дека секое случување, личност и емоција тука е за мое најдобро.

За да ме научи на нешто и да ми овозможи духовно да се развивам. Ти благодарам на приликата да растам и да ја исполнувам својата животна мисија!

Ти благодарам на секоја секунда од мојот живот. Знам дека секоја е вредна.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: