Немам се’ што ќе посакам.
Му благодарам на Бог што е така, зошто би посакала да имам се’? Не се случува ни се’ она што ќе замислам. Сигурно е и подобро така, тогаш животот никогаш не би можел да ме изненади со незамисливо.
Не сум ни она што планирав дека ќе бидам. Која ли среќа што не сум- плановите се тука да ги убиваат и најголемите соништа. Не сме ли сите понекогаш беспотребно изгубени, без причина несреќни?
Како онаа луда риба, која гледајќи ја птицата како лета и како се ниша над морето, посакала да биде како неа, помислувајќи дека е посреќна од неа. Не е посреќна. Само нејзината среќа има друго лице.
Затоа нема поголемо олеснување, кога престануваш да тежнееш за она што немаш, што не си и што никогаш нема да бидеш. Кој ќе ја изгуби мерата во барањето на себе си, станува роб на сопственото лутање, а таквото патување е најтешко.
Кој ќе посака да е птица а крилата сеуште не ги изградил, тој вечно ќе се дави во морето на сопствениот јад.
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply